CSS Template

Се што е договорено – ќе биде откупено, тврди Стомнароски претставникот на тутунарите

148
Avtokontrol1

Од Сојузот на земјоделски здруженија, легитимниот претставник на тутунопроизводителите денеска гарантираат дека целокупното договорено производство ќе биде преземено од страна на откупните компании. Ова, тврди Менде Стомнароски, претседател на Сојузот, било договорено на последната средба со откупувачите во Министерството за земјоделство.

– Да ги охрабрам сите тутунари, да не ги фаќа паника и да не ги манипулира некој друг, дека тутунот нема биде му биде откупен. Јас му гарантирам дека тутунот ќе биде откупен. Затоа што седнавме со откупувачите и тие дадоа гаранција дека до килограм ќе биде откупен тутунот – се што е договорено. Ако досега за 50 дена се откупени 25 милиони и 300 килограми, сега до 1 ви март имаме уште 20 тина дена за откуп. Преостанатите количества од 600 – 700 тона ќе бидат преземени во целост. Сакам да ги повикам тутунарите доколку некоја откупна компанија не сака да му го купува тутунот, а има договор, да не известат нас, ќе излеземе на лице место и во целост ќе биде откупен тутунот, рече Стомнароски.

Веќе утре стартуваат преговорите за новата реколта за која треба да се формираат цените, а тутунарите бараат измени и во правилникот.

– Бараме 3 тата берба, квалитетната трета берба да влези во правата класа. За тоа и предлагаме соодветни цени, односно да нема голема разлика од класа до класа и тоа: за прва класа бараме 300 денари, за втора 240 денари и за трета 180 денари. Мислиме дека е ова реално и тутунарите да ги си добијат вистинска проценка и да си ги добијат заслужените пари.

На новинарско прашање зошто се затворени пунктовите во населените места и покрај ветувањето дека ќе продолжат со работа, Стомнароски одговори дека најголемиот дел од фирмите ја исполниле динамиката.

– Уште две поголеми фирми се со по 700 до 800 кгр тутун за откупување и тие се останати со дежурни ваги. Сите тутунопроизводители да ги носат таму каде што има дежурни ваги и доколку не му се зема тутунот и ги запишуваат за наредни недили, да не известат нас како Сојуз . Ние ако треба ќе ги повикаме инспекторатот и сите откупни компании пак да седнеме и да биде во целост допреземен тутунот.

Стомнароски тврди дека за второстепена комисија биле регистрирани 3 случаеви и други забелешки немало. Во однос на поплаките од пониска проценка од реалната, Стомнароски рече тутунарите да ги пријавуваат таквите случаи до поверениците на вагите, за потоа Инспекторатот да преземе соодветни санкции доколку проценката не била во согласност со мострите.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm