CSS Template

Се уредува просторот околу викенд зоната „Езеро“ во Крушево

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
79
Avtokontrol1

Во тек се градежните работи за уредување на просторот околу викенд зоната „Езеро“ во Крушево, проект преку кој ќе се асфалтира и патот кој води до езерото.

Овој дел од градот Крушево е важен пред се заради одржувањето на многу фестивали на отворено во овој дел, но и имплементацијата на проектот ќе значи целосно доуредување на викенд зоната.

– Со асфалтирањето на патот до викенд зоната конечно ќе се уреди просторот околу спортските игралиште, терените на фудбалскиот клуб „Питу Гули“, како и викенд зоната „Езеро“.Со тоа реализираме уште едно барање на граѓаните, вели градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Паралелно, овој месец градежните екипи ќе работати на изградба на достоинствен вечен дом на Тоше Проески, асфалтирање на локални патишта до населените места Саждево и Јакреново, изградба на фекална канализација во с. Норово и реконструкција на патот с. Борино до Житоше, општина Долнени.

Farma Dolneni
Vivafarm