ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ШК „Прилеп“ го освои високото 3 то место на Државниот екипен шампионат

1.124

Прилепските шахисти со 3 победи, 3 нерешени и 1 пораз или вкупно 9 бодови се пласираа на високото трето место на Државниот екипен шампионат кој деновиве се одржа во Охрид. Единствениот пораз ШК Прилеп го претрпе од убедливо најдобрата македонска екипа Алкалоид која во своите редови има тројца странци и веќе 20 тина години е државен шампион.
За екипата на Прилеп настапија Тони Кироски, Славе Трајкоски, Богољуб Златановиќ, Мирослав Миљковиќ, Горан Готовуша и Марјан Дамчески. Со освоеното трето место екипата на Прилеп се избори за настап на Европскиот куп кој што годинава ќе се одржи во ноември во Улцињ, Црна Гора.
На државниот шампионат во Охрид учествуваа 8 екипи и тоа 5 од Скопје и три екипи од внатрешноста.
– Ова за ШК Прилеп е голем успех. Во изминатиот период ангажиравме 2 шахисти од соседството, или онолку колку што ни дозволуваат финансиските можности, со цел клубот да биде во врвот на македонскиот шах и да обезбеди учество во европските натпреварувања, истакна Тони Кироски за Радио Пела.

Инаку, прилепскиот интернационален мајстор Тони Кироски од 1 до 11 август во Словачка, Братислава, ќе биде единствен македонски арбират и тоа како заменик главен судија на Европското јуниорско првенство, што исто така е големо признание и успех за прилепскиот шах.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: