ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Штрковите пристигнаа во Кривогаштани. Се вратија на старите огништа

1.413

Пролетта официјално не е стигната, но затоа пак пристигнаа птиците кои предвесници на пролетта,  и  се обележје за Пелагонија,  особено за Кривогаштани. Деновиве штрковите се населија во своите стари гнезда на покривите од куќите, но се прилагодија и на металните кошници специјално поставени на бандерите само за нивните потреби.
Штрковите се посакувани гости кои со своето доаѓање во март го најавуваат пристигнувањето на пролетта во нашите краишта, а заминуваат во август пред крајот на летото на празникот Свети Пантелејмон.
Се верува дека се моногамни, односно дека се верни партнери кои миграат заедно во топлите краеви и се враќаат повторно во истите гнезда кои ги користат повеќе години.
Една од најпознатите приказни за овие преселни птици е онаа за Силјан Штркот која започнува вака:
– Во село Мало Коњари имаше еден човек многу чесен и кроток, на име Божин. Тој имаше само еден син на име Силјан; имаше Божин и една ќерка. Силјан беше многу гален и од татка и од мајка, чунки од многу синови Божинови само Силјан беше останал жив, та од тоа беше гален многу и беше го ожениле уште на шеснаесет години и на седумнаесетте години му се роди на Силјана едно дете машко, му го викаа Велко……

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: