ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ПРЕД ПРИЛЕПЧАНИ ВЕТИ ДЕКА ЌЕ СЕ РАКОВОДИ ОД УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ

630

Вечерва, ВМРО-ДПМНЕ одржа митинг во Прилеп,а  на него покрај кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, присусуствуваше и раководството на партијата. Претседателската кандидатка Гордана Сиљановска Давкова пред Прилепчани вети дека ќе се раководи од Уставот и законите, ќе го остави судот да суди и нема никој да се меша во судската власт.

Според неа, откако оваа власт е тука секој ден има енормни скандали што ја тресат државата. Невидена корупција, криминал, клиентелизам, непотизам, а “Македонија стана најскандалозната земја во Европа’ рече таа

„Нели минатата година ова власт го прославија почетокот на преговорите со ЕУ. Годинава само требаше да дојде јуни и ние да ги почнеме преговорите. Ама сега од ЕУ доаѓаат гласови дека е потребна подготвителна фаза. За што подготвителна фаза? Можеби знаете што е најлесно? Како што го ставија знамето на НАТО пред да влеземе во НАТО, можеби ќе доживееме и за инспирација на ЕУ, да го истакнат и знамето на ЕУ, за да има за што да слават – нагласи Сиљановска Давкова.

 

.„Поголем предизвик е да се обидеме да смениме нешто. Не за мене, не за партиите кои ме поддржаа, туку поради граѓаните. Кога правото и правдата ги нема во реалноста, Уставот и законите се обичен декор. Сите да бидеме еднакви пред нив, да нема селективна правда, да нема владеење на една група олигарси кои го користат Преспанскиот договор и договорот со Бугарија за да го зголемат своето богатство. Катаден се среќаваме со клиентелизам, корумпирани политичари и време е на 21 април да им кажеме дека нивното време завршува.“рече таа

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: