CSS Template

Со 6,8 милиони денари добивка успешна година за Тутунски комбинат – Комфи Ангел „ѕвер“ во текстилната индустрија

127
Avtokontrol1

Како работат прилепските комбании? Кава е оценката за нив на пазарот  ,како ко е оценет нивниот успех? Дали компаниите чии производство е орентирано кон странските пазари, покажуваат подобар биланс на успех?!

Тутунски комбинат-Прилеп ,заклучно со септември оваа година остварил добивка од  6,8 милиони денари, што е подобрување на резултатот во однос на истиот период претходната година, кога компанијата имала загуба од 232 милиони денари, покажува билансот на успехот на компанијата ,објавено преку Македонска берза (https://www.mse.mk/) ,објави emagazin.mk

Порталот „Фактор“ во своето истражување  објави дека Убедливо, најголем меѓу текстилците е прилепскиот  „Комфи Ангел“ , компанија која со своето работење  и биланс на успехот е т.н “ѕвер“ помеѓу текстилните компании во Македонија . Лани 870 вработени во компанијата направиле производи, од кои компанијата приходувала 24,9 милиони евра. Нејзиниот профит лани е 1,1 милиони евра. Со ова „Комфи Ангел“ е убедливо најголемата компанија, помеѓу деветте конфенци ,пишува порталот “Фактор“ во своето истражување , чии податоци се киористени од  базата на Централниот регистер на Македонија (ЦРМ).  Профитот на прилепскиот текстилен гигант „Комфи Ангел“ според тие податоци  е 4,4 отсто од приходот од продажба.

Витаминка , пак, во периодот јануари – јуни оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка во износ од 7.539.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажала добивка од 45.787.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни оваа година,на оваа прилепска компаниа, изнесуваа 1.116.843.000 денари. На домашен пазар, од тој износ отпаѓаат 659.083.000 денари, додека остатокот од 457.760.000 денари е остварен на пазари во странство.

Прилепска Пиварница АД Прилеп во првото полугодие од  оваа година, прикажа  добивка во износ 31 милион денари, што е намалување во однос на истиот периодот од минатата година ,кога добивката на компанијата изнесувала 67 милиони денари, покажува билансот на успех на компанијата објавен на Македонска берза.

Vivafarm
Farma Dolneni