ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Советот на Општина Прилеп ја одржува 17 тата редовна седница

На дневен ред пред советниците 9 плус 3 дополнителни точки

754

 

Советот на Општина Прилеп денеска ја одржува 17 тата редовна седница, на која присуствува и градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски. Пред Советниците на дневен ред беа 10 точки, од кои, уште на стартот од седницата беше повлечена првата точка, одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на JКП ,,Водовод и канализација’’, а дневниот ред беше дополнет со три нови точки:
1. Предлог- Програма за измена на Програмата за поставување урбана опрема, рекламни и информативни паноа на подрачјето на Општина Прилеп за 2018 година, на предлог на Комисијата за урбанизам.
2. Предлог – Одлука за доделување на средства на ФК Победа АД Прилеп;
3. Предлог – Заклучок по постапката за процена на штета и помош во отстранување на последиците од природни непогоди настанати на ден 23. 07. 2018 г. во Општина Прилеп.
Советниците денеска ќе одлучуваат по предлог одлуката за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење за JКП ,,Комуналец’’- Прилеп, давање согласност на Консолидираната сметка за 2017 година од ЈКП,,Комуналец’’ и ДООЕЛ ,,Терминал-Комуналец’’-Прилеп , како и предлог одлуки за давање согласност на Годишниот план за измена и дополнување на Годишниот план за вработување во тековната година, во Единицата на локална самоуправа Општина Прилеп и Јавната општинска установа Детски градинки ,,Наша иднина’’-Прилеп.
На седницата советниците ќе одлучуваат и за финансиско учество на Општина Прилеп во активноста „Подобрување на амбиентот и привлечноста на Старата Чаршија Прилеп“ во рамки на проектот „Имплементација на Студија за развој на Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам – Пелагонија создадена за авантура“., предлог Одлука за одобрување на поднесување на апликација и одобрување на сопствен финансиски придонес за финансиско учество во проектот на Општина Прилеп „Прилепско Езеро – Нови авантури, нови можности “. Пред советниците на денешната седница е и Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Прилеп за 2018 година.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: