ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

СРЕЌНИ РАБОТНИЦИ – ДВИГАТЕЛИ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

2.604

Менаџментот на компанијата Комфи – Ангел, Прилеп, денеска, повторно, на редовна средба со сите вработени. Вообичаено, тоа е ден кој што секој месец работниците го очекуваат. Првиот човек на компанијата, Ирена Јакимовска е меѓу нив. Се  споделуваат најновите вести од значење за развојот на компанијата, се влече лотарија за парично наградување на рабониците, но и се реализираат иницијативите од вработените. Сепак, овој традиционалниот заеднички состанок започна со веста на денот,  за чекорот што Македонија го направи кон НАТО, ратификацијата на договорот од страна на македонското собрание.

– Нашата визија и мисија е дека градиме компанија која ќе постои и после нас. Ратификацијата од страна на македонските пратеници е голем чекор за сите, за нашата држава како значаен момент. Ова е момент кој што ни дава можност да ни биде заштитен капиталот и можност кој ни дава право за поголеми инвестиции за нашите производи како предуслов заради нашето членство во НАТО. Тие слушнале за нашиот квалитет, за нашиот тип на соработка, слушнале за нашата флексибилност и сакаат да работат со нас, но ова била последната причина после која ќе отпочнеме соработка со сериозни и стабилни компании, со кои што ние ќе можеме да ја реализираме филозофијата на нашата компанија која што вели дека ќе постои и после нас, истакна Ирена Јакимовска, косопственик на Комфи – Ангел ,пред вработените.

ЗАДОВОЛНИ И СРЕЌНИ РАБОТНИЦИ КРЕИРААТ УСПЕШНА КОМПАНИЈА

          Традиционално, на месечниот состанок во Комфи -Ангел е извлекување на лотаријата, кога се знае кој ќе добие парична награда по случаен избор. Најсреќен беше Деан Туманоски, кој што за прв пат досега, од како работи во компанијата, е добитник на лотаријата во износ од околу 40 илјади ден.

Дел од Фондот (минимални средства од 100 ден. нето платата од вработените), односно 50 %, и овој месец ќе биде наменски насочен кон едно семејство, каде финансиската помош е неопходна за надминување на здравствените проблеми,, на член од неговото семејство.Така компанијата Комфи – Ангел, Прилеп ,ги мотивира и им помага на своите работници, бидјеќи без добар и среќен работник нема успешна компанија, смета менаџерскиот тим во компанијата

                     

Деан Туманоски:

НЕ РАЗМИСЛУВАМ ДА ЗАМИНАМ !

– Ваквите награди му даваат на работниците поголема волја и желба за работа. Наградата ќе ја потрошам за фамилијата. Работам 10 години како магационер во картонажа и никогаш не би ја променил работната средина, презадоволен сум и од колегите и од шефовите, од претпоставените. Затоа сум толку време овде, инаку не ни размислувам, не ни планирам да ја променам работната средина или да заминам надвор од државата . Исто така, не ни размислувам да одам на повисока позиција. Имав понуда да напредувам во оваа компанија , ама јас сакам со сите луѓе да сум другар. Колку што се пари– толку, јас сум задоволен!! –  рече Туманоски,  кој се пофали дека имаат одлична соработка со менаџментот, а истото важи и за работните услови и можностите за напредување .

РАБОТНИЦИТЕ ИЗБРАА  НАЈДОБАР РАБОТНИК  ЗА 2019 та година

На состанокот беше посочено дека со тајно гласање од сите работници кои досега, биле прогласени за најдобри во Комфи -Ангел, беше избран еден, што ќе ја претставува компанијата како најдобар за 2019 та година, во рамките на проектот од една национална телевизија. Вкупно 27 работници конкурирале за ова престижно признание, што укажува на структурата, на вистинскиот дух, конкурентност и посветеност на работата. Колегите анонимно го избраа Дејан Здравески за најдобар работник, за што тој ќе добие награди и  ја претставува компанијата како препознатливо лице на Комфи- Ангел.

ЗА ПРВ ПАТ СИТЕ НА КОЛЕКТИВЕН ОДМОР-ПРЕДЛОГ ОД РАБОТНИК

Уште една убава вест за вработените: менаџментот на компанијата едногласно го прифати предлогот за колективен летен одмор. Имено, по искуствота за време на новогодишните и божиќните празници, а по предлог на Владимир Дренков, Комфи Ангел од 1 ри до 9-ти август, годинава ќе користи колективен летен одмор. За инвентивноста, како што потенцира Јакимовска, Дренков ќе биде дополнително мотивиран, а работниците ќе можат уште од сега да ги планираат своите годишни одмори по пониски цени.

Делува социјалистички …но, работат заедно, за подобро утре на работниците, за подобра иднина на компанијата. Тие се компанија каде  што работодавецот потребите на работниците ги става на прво место: условите за работа, добра плата, навремена исплата , можности за напредување на работната позиција, грижата за семејствата на вработените , едукација, здрава исхрана и топол оброк…

Екипата на Радио Пела присуствуваше на состанокот, редовен во текот на еден месец, во компанијата за производство на постелнина, перници и јоргани – Комфи -Ангел Прилеп. Менаџментот остварува редовни состаноци со сите вработени од компанијата (околу 800 лица), на кои што, се избираат најдобрите работници, се влече лотарија за парично наградување, но и се реализираат иницијативите од вработените, се споделуваат најновите вести од значење за развојот на компанијата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: