ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Станкоски: Комбинатот ќе го испочитува договореното со кооперантите

530

Откупната тутунска кампања е пред крајот. Но, иако започна интензивно, од самиот старт на 18 ти ноември 2019, сезоната на преземање на ланската продукција ориентален тутун, последниве неколку недели ја следат одредени контраверзи, дилеми, забелешки од тутунарите. Земјоделците реагираат на незаинтересираноста на компаниите за откуп, пониска линија на проценка на производството во споредба со почетокот, како и непочитување на одредени откупувачи на правилникот за проценка на „мострите“. Тие велат дека тутунот се проценува пониско од реалните очекувања.
Во студиото на Радио Пела гости првите луѓе на Тутунски Комбинат АД Прилеп, генералниот директор Кирил Станкоски и Бранко Хронески, раководител на секторот за откуп при Комбинатот. Оддвојуваме дел од разговорот:

Радио Пела: Како се одвива динамиката на откуп во Комбинатот од почетокот, па до денес?

– Тутунски Комбинат започна со преземање на реколтата 2019 та на 20 ти ноември лани, и до ден денеска се одвива во предвидената динамика и интензитет . Добро е тоа што динамиката ноември и декември беше одлична, зашто паметиме кога откупот на тутунот траел и до месец март. Ние како компанија заклучно со 31 декември имавме откупено некои 80 % од нашите договорени количини. Веднаш по новогодишните празници продолживме со истиот интензитет.И она што напочетокот на откупот го ветивме, а тоа е исплата наредниот по предавањето на тутунот, сеуште го почитуваме со кооперантите, на што сме особено горди. Нашите кооперанти го предаваат тутунот, а наредниот ден парите ги имаат на сметките. Оваа практика ќе продолжи и годинава.
Комбинатот работи со откупни пунктови во сите тутунски региони во Македонија, вклучително и со 5 ваги во радовишко, демирхисарско со неколку ваги, во Општина Могила, но сконцентрирани се во прилепско и долненско како центар на тутунопроизводството, рече Кирил Станкоски. 

.

Бранко Хронески:
Како и од старт, така и до ден денеска, ние отворивме 25 пунктови, со вкупно 34 ваги. Во централниот пункт во Прилеп имаме поголем број на ваги. Досега според планот и динамиката предвидена од наша страна ја остваруваме во целост. До крајот на откупот ќе остане така, без проблемите со кооперантите. Досега откупот тече во најдобар ред.

Радио Пела: Во Општина Долнени се појавија најголемите забелешки за недоследности во откупот. Тутунарите велат дека неколку милиони килограми не се откупени и наводно нема интерес од компаниите за тој тутун?
Станкоски:
– Ние можеме да кажеме за Тутунски Комбинат во долненско. Сите ваги таму работат под полна пареа, исто како и првиот ден. Немаме никакви проблеми, наидуваме на разбирање, обострано, заедничко со кооперантите. Тоа во делот на другите компании не можам да го коментирам, бидејќи не ја знам нивната деловна политика за тој регион.
Она што можам да го кажам како претпоставка е дека договорените 26 милиони кгр тутун ќе бидат надминати поради добрите климатски услови есента кои овозможија да биде собран и последниот лист од нивите и да се јави ситуација на нешто поголема количина вкупно произведен тутун во нашата држава. Можеби во Долнени таа количина ќе биде нешто поголема од тоа што е договорено. Но, според нашите теренски анализи се тече во најдобар ред.

Радио Пела: Има шпекулации дека откупувачите се договараат околу линијата на проценка, дури и на дневна основа. Дали е ова можно, како се движи и одредува просечната цена?
Станкоски:
Тутунот како култура е до максимум организирана и решена со закон.Од тука произлегуваат и тие мостри за правилна проценка на тутунот. До ден денеска и од она што го слушам од страна на Сојузот на земјоделски здруженија, ниту еднаш не е повикана второстепената комисија , што значи дека откупот тече во најнормална динамика, кај сите, па и во Тутунски. Никогаш, одговорно тоа го тврдам, никогаш тутунските компании немаат таен договор, зашто секој си го гледа сопствениот интерес, си ја регулира динамиката и линијата онака како што им треба. Тоа се шпекулации кои некој злонамерно ги пласира, со цел да внесе немир кај тутунопроизводителите.

Радио Пела: Колку има политика во тутунскиот откуп, особено во период на предизборие каков што е сега?
Станкоски:
Неодамнешната изјава на заменик техничкиот министер за земјоделство е потвда на тоа колку има политика во откупот. Има премногу политика, посебно во предизборие. За мене како најодговорен во Тутунски Комбинат е максимално непримерно од страна на еден технички министер, да се дава една таква лага, ноторна невистина, дека Тутунски 20 дена не откупува тутун. Комбинатот ја заврши 2019 та со откуп на 31 декември, и бидејќи имавме динамика над планираното, одлучивме да ги поврзиме 2 ри и 3 ти јануари,и веднаш после божиќните празници ги отворивме сите пунктови и ваги и продолживме со откуп со истата динамика.
Премногу политика, сосема е непотребно да се вознемируваат тутунарите. Целта е да се внеси немир и несигурност кај нашите кооперанти.

Старата прилепска мерка за исплатливост на производството е достигната, кгр тутун = кгр сирење

Со оваа просечна цена и динамика од 222, 5 ден за кгр, субвенцијата која би следувала дополнително околу 75 денари. Тоа значи дека вкупниот приход кај секој кооперант би бил околу 300 денари. Ние сме прилепчании добро знаеме што нашите дедовци и прадедовци кажувале околу откупот и просечната цена – оној момент кога килограм сирење и тоа е она што е исплатливо. Нашите кооперанти дочекаа таква цена, практично тоа е 6 долари, или околу 5 евра за кгр тутун. Стара прилепска мерка што нам ни е добро позната за доходовноста на производството, вели ген.дир. Кирил Станкоски.

Радио Пела: Што може да се очекува до крајот на откупот 28 февруари, Комбинатот дали ќе го исполни договореното со кооперантите?
Хронески:
Да бидат спокојни нашите кооперанти, дека секој еден што има договор со Тутунски Комбинат, онолку што е договорено,тутунот ќе му биде откупен. Секогаш ја имаме таа толеранција од 10 % над договореното, плус или минус. Никој наш кооперант, договарач нема да го оставиме тутунот да не му биде откупен.Секоја година, па и оваа, централниот откупен пункт ќе работи до крајот на законскиот рок, 28 ми февруари.Со тоа го запазуваме тој законски рок, а онаму каде што ги исполнуваме количините спрема договорите, би имале право да ја затвориме таа откупна вага, зашто немаме повеќе што да откупуваме.
Радио Пела: Дали 300 денари за кгр, заедно со субвенциите, е реалната вредност која ја добиваат тутунарите за производството?
Станкоски:
Бидејќи сме ние и производители на цигари и она што го знаеме, и според информациите од стратешкиот партнер,во овој момент цената која ние ја добиваме при продажба на тутунот е постигнат максимумот. Треба во иднина внимателно да се одвива покачувањето на цените се со цел тие светски компании да имаат интерес за купување на тутун од нашата држава. Не смееме како компанија, како држава, како општество генерално да си дозволиме да се уништи оваа индустрија. Треба внимателно да се договара со кооперантите, со Сојузот, бидејќи може да се случи во иднина да го преминат тој плафон и да нема интерес за купување на македонскиот тутун од страна на големите светски компании.

Целиот разговор, во кој  што станува збор и за новата производствена сезона проследете го на следниот линк:

https://www.facebook.com/radiopela/videos/255634495432434/

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: