ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Старци низ транзицијата – Што НИ се случи?!

Приказни од мојата земја

505

Како ја доживувам транзицијата, која трае, трае, трае… никаде крај! Транзицијата која упропасти три генерации , а последната ги избрка во белиот свет, и тоа шака луѓе од мојата земја кои сакаат  и постојано „си играат држава“ со една цела , желни за, власт, моќ и богатство . Иста приказна 20 години , само ликовите се менуваат.  И, што НИ се случи?!

  Нè убедија дека е луксуз да излегуваме барем еднаш месечно со семејство за ручек. Нè убедија дека да се оди со  семејство на одмор, на рати е луксуз

Нè убедија дека е нормално да страдаме, да позајмуваме, да бидеме хронично желни за сè, да ни чукаат извршители на врата

 Нè убедија дека е расфрлување, ако се има  повеќе од два пара чевли, и дека е нормално да се избере кој ќе купи нови во семејството оваа есен. Не можат сите! Тоа е луксуз!

         Станавме  дебела нација, која се дебели со леб, затоа што пари се помалку има за  месо.  Станавме земја на фрустрирани родители, затоа што не можеме да им дозволиме на децата една стотинка од нормалните работи , што би ги посакале да ги имаат.  ЛУКСУЗ е тоа! Станавме земја на разведени сопружници затоа што постојано сме под стрес, нервозни, хронично несреќни… Станавме губитници и не знаеме зошто, укрувувајќи се постојано себе си !

А, ги завршивме нашите училишта фер и секој со својот занет се обидуваше чесно да заработи , на принципот на квалитет и почтување.  Ги правиме нашите работи чесно, но оваа земја не е задоволна –  нè стисна,  сè додека не се оцрниме, понижиме, молиме дабидеме трудбеници на овој век, и дури не  убедуваат дека така мора да биде.  Да, така е! Дека е сосема нормално , да молиш за работа, дека е нормално да се краде, лаже, манипулира, да се уценува, да се приграбува за себе и само за себе…

ТИЕ и би не закопале веднаш,  но кој ќе им плаќа даноци и придонеси?! Наместо да викаме „Сакаме подобро!“ шепотиме, дека може да се влоши,  затоа , арно е и  вака! И, нема ,во мојата земја, потрага по посреќен живот,  туку страв од поголема несреќа!

Срамно е да ја наречеме „минимална плата“ , најниска плата во овој дел од светот, со која не може да се покријат ниту минималните трошоци.  Двајца родители минимум, со две деца во куќата, се подготвуваат да купат само зимска јакна,  а во светот  нормално е кога двајца работа да можат да  купат во семјството нов автомобил.

Нашите работници се најзагрозени во Европа.  Немаат пари за здравје, немаат да ги поправаат забите, немаат да ги поправат ниту чевлите. Штедат на храна, на греење, крпат една дупка,  додека друга се отвора .  Должат за електрична енергија, за вода,за погреб,должат во соседната локална продавница за храна, должат во банките, …и се во постојан страв да не го изгубат и она малку што го имаат

…. И,  тогаш се разболуваат, затоа што е луксуз да се оди на боледување. Луксуз е да се оде на лекар. За ова време, цената на трудот се зголемува само за три до четири денари од час. И, ТИЕ нè убедија дека И тоа е нормално , и дека така треба да биде . Старосниот век е намален, затоа луѓето умираат помлади!

      ТИЕ ги понижија дури и  нашите родители , во старост. Ги натераа да ги одбираат лековите, како зелки на пазар, кој се поефтини, и да  копаат во контејнери, наместо да изберат бањи , после 40 години работа и придонес за оваа земја . И,  наместо да си играат со своите внуците, тие денеска  ги гледаат само преку Skype, затоа што секој што можеше избега од оваа земја.  За последните 20 години повеќе политичари ја истерале оваа нација надвор од земјата отколку Турците во 5 века .

    Но, најстрашно од се во овааприказна е што нашите деца растат во верба дека е нормално да се живее вака,  затоа што , во оваа земја,  20  години,  не знаат за друг начин на живот.

       Господа,  уште колку богатство и моќ Ви треба?!  Уште колку генерации треба да се родат за вашите апетити да бидат задоволени?! Ајде, кажете – доста е од убедувања!

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: