CSS Template

Стојне “растури” на FACEBOOK

Незаборавна вечер на фб

1.158
Avtokontrol1

Со својот  милозвучен глас, струмичанката Стојне Николова со “live stream” на “facebook” растури.Тоа значи дека илјадници фанови и следбеници на социјалните мрежи на оваа македонска фолк дива, уживаа во нешто повеќе од двочасовна изведба во живо, со различен музички репертоар подготвен за сите вкусови.Стојне ја имаше придружбата од Бобан Мојсоски (МојсоПродукција), кој додека Стојне уживаше во коментарите кои во секоја секунда пристигаа на нејзина сметка, ги забавуваше facebook  фановите кои го гледаа ова музичко доживување.

Стојне пееше за Македонија , пееше за сите фанови кои ги имаше од различни страни кои заедно со неа уживаа во изведбата на  балканските хитови и од македонската фолк естрада. Од “Каде сте македончиња” па се до “Мангава ту “,  од ритам на познатите балкански пеачи па се со звуците на македонските песни кои ја разнежнуваат душата на македонската нација, Николова направи фешта која долго ќе се памети а можеби и ќе се повтори како едно вкусно музичко “репете” за сите.Во меѓувреме слушнете и видете какво беше расположението.

Posted by STOJNE NIKOLOVA on Saturday, March 28, 2020

Со надеж дека што побргу ќе заврши ситуацијата во која сме сите , ваквите музички моменти се добредојдени за секого, па затоа за подобро расположение ваквите свирки барем за момент ги разменуваат  мислите, допираат до македонското срце и душа каде и да е, за една убава вечер и за уште поголема надеж за подобро утре.Стојне само напред, продолжи во ист ритам и со распеаниот карантин.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm
Semafor
seishin