CSS Template

Струјата поскапува, евтината тарифа останува

17
Avtokontrol1

Цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми за 7,42 отсто и ќе чини околу 5,9 денари за еден киловат скапа тарифа, која досега чинеше 5,54 денари за киловат час, а евтината тарифа останува непроменета 2,9 денари за час, потврди претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Кај еднотарифните броила се одобрува цена од 4,77 денари за киловат час.
Одлуката за зголемување на цената на струјата, ќе влијае врз сите крајни потрошувачи. Сега сметката на пример од 1.500 денари, ќе биде повисока за дополнителни 100 денари.
Одлуката е донесена на барање на компаниите за производство и дирстрибуција на електрична енергија, со образложение дека поради корона кризата бележат загуби.
Како што соопшти Регулаторна, домаќинствата и натаму ќе може да ја користат евтината тарифа како досега, односно од 14 до 16 и од 22 до 07 часот.

semm