ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Талевски: новите мерки ќе ја поттикнат домашната потрошувачка и економија

423

Со соопштение до јавноста денеска се обрати претседателот на ОО на СДСМ Прилеп Миле Талевски, во кое, тој, потсетува на новите мерки од страна на актуелната власт.

– Владата предводена од СДСМ, воведе три пакети на економско-социјални мерки, чија вкупна вредност е 550 милиони евра и со кои се опфаќаат 730.000 корисници.
100.000 граѓани ќе добијат домашни платежни картички, во вредност од по 9.000 денари. Со тоа, ја зајакнуваме потрошувачка на домашни производи и услуги, но пред се’ ја зголемуваме куповната моќ на граѓаните и го олеснуваме нивниот живот во услови на криза.

Оваа мерка е достапна за сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 денари месечни приходи според Управата за јавни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош.

Воведовме ваучери за домашен туризам од по 6.000 денари и домашна платежна картичка од по 3.000 денари, за 100.000 граѓани.

Со оваа мерка, опфатени се сите вработени граѓани кои примаат месечна нето плата под 15.000 денари и немаат други приходи во 2018 година, според УЈП.

Граѓаните ќе можат да го искористат ваучерот за одмор и летување во домашните хотелски и другите сместувачки капацитети, со што директно ќе го зајакнеме домашниот туризам, а платежната картичка за поттикнување на купувањето на домашни производи и услуги.

Силна поддршка даваме и на нашите млади сограѓани, преку парична поддршка за 100.000 студенти и средношколци.

Мерката вклучува ваучери од најмногу 6.000 денари за покривање на партиципација во Универзитет и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци, како и платежна картичка за овие млади, во вредност од по 3.000 денари за домашни производи и услуги, потенцира Талевски, но и повикува на консензус за како што вели важното прашање – изборите.

– СДСМ е одговорна партија. Ние сакаме консензус за важни прашања, како што се изборите. Но, доколку ВМРО-ДПМНЕ упорно избегнува консензус, тогаш изборите по сила на Закон ќе бидат на 21 јуни, меѓу другото се вели во соопштението.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: