CSS Template

Танец ги раздели, па ги сплоти Македонците во Австралија

83
Avtokontrol1

По повод 70 години од постоењето Националната институција на народни песни и игри Танец, гостува во Австралија, со турнеја во три градови Мелбурн, Канбера и Сиднеј. Уште со најавата за концертите, Македонците во Австралија се поделија околу тоа дали треба да се бојкотира овој ансамбл – душата на македонскиот фолклор.

Tanec – Teškoto

Posted by Bendjo Academy on Sunday, November 17, 2019

Каменот на сопнување беше додавката во името на оваа национална иституција, поврзано со Преспанскиот договор, што пред се, предизвика политички толкувања и импликации кај нашинците во Австралија. Но, првиот концерт кој што се одржа во престижната концертна сала Рецитал Центар во Мелбурн покажа дека нема дилеми околу тоа што претставува Танец и колку може политиката да ги одвлече желбата и интересот за еден од највредните симболи на Македонија – фолклорот, песната, традицијата, културата и се она што претставува Танец за Македонците во татковината и во светот.

Tanec – Malesevka

Posted by Bendjo Academy on Monday, November 18, 2019

Салата Рецитал Центар во Мелбурн беше исполнета до последно место, а публиката со воодушевување како и секогаш ги проследи македонските ора и песни од најдобрите амбасадори – Националната институција на народни песни и игри Танец. Концертот беше под водство на маестро Милан Завков, а настапуваше и Сузана Спасовска.

https://www.facebook.com/lidija.neskovski/videos/3853064454719379/

Според најавите ,,Танец” го очекуваат уште два концерти во Австралија. На 22-ри ноември во Канбера и на 24-ти ноември во Сиднеј.
фото галерија:

Vivafarm
Farma Dolneni