CSS Template

Тројно зголемен бројот на интервенции и повици во прилепската Брза помош

961
Avtokontrol1

Пеколните температури и зголемија бројот на повици во Брзата помош во Прилеп. Ако во едно деноноќие вообичаени се 30 до 40 пациенти, деновиве, од како температурите ближат до 40 тиот степен, за тројно е зголемен бројот на интервенции и повици, вели д-р Снежана Петровска, началник на Брзата помош Прилеп. За 24 часа екипите реализираат 150 амбулантни прегледи и 20 до 25 домашни посети.

– Бројот на повиците во Брза помош не двојно, туку тројно е зголемен, а истото се однесува и на бројот на домашните посети, кои од ден на ден се зголемуваат. Високите температури си го прават своето и најмногу страдаат хроничните болни. Препораките наши се да се почитува пропишаната терапија, да се почитуваат препораките од Министерството за здравство: сите возрасни, хронични болни, бремени жени, мали деца, да не излегуваат надвор во периодот од 10 до 18 часот. Да се пијат повеќе течности, да се конзумира свежа храна.
Високите температури комплетно влијаат на здравјето на човекот. И најздрав човек ги чувствува овие пеколни горештини и тоа со главоболки, вртоглавици, има практично еден куп симптоми кои ги кажуваат пациентите, вели Петровска началник на Брза помош Прилеп.

Дополнително, поради летните одмори и отсуството на матичните лекари, прилепската Брза помош покрива и амбуланти прегледи, а од друга страна бројот на лекари и персонал се намалува. Ако ова одделение при ЈЗУ Здравствен дом Прилеп некогаш работеше со 15 лекари, денес ангажирани се 10 мина, а воедно се зголемува опфатот на интервенции. Прилепската Брза помош ја покрива територијата не само на Општина Прилеп, туку и соседните Кривогаштани, Долнени, како и дел од Крушево.

Farma Dolneni
Vivafarm