ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Царовска во Прилеп:„ Со јануарската пензија, пензионерите ќе добијат покачување од 700 ден“

612

Со исплатата на јануарската пензија пензионерите ќе добијат покачување за 700 ден., а до јуни ќе има севкупно покачување на пензиите за 900 денари, истакна министерката за труд и социјална политика на средбата со прилепските пензионери .

Според Царовска реформата во пензискиот систем дале одлични резултати.

Заштедивме 3 милијарди и 700 милиони денари во буџетот на пензискиот фонд и тоа покажува дека дефицитот се намалува. За 15 отсто порасна минималната плата, 5 отсто просечната плата, што создаде услови за раст на пензиите“истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на денешната средба со прилепските пензионери.

 

Славко Трајкоски, претседателот на Здружението на пензионери – Прилеп, посочи дека во овие 11 години откако е тој пензионер, за прв пат министер за труд и социјална политика дошол во Прилеп

 

„Секако главни прашања на пензионерите е висината на пензиите“ – нагласи тој

Прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски истакна дека е важно решавањето на проблемите на оваа категорија граѓани

„Со голем број пензионери, на истото ова место, дискутиравме за нивните потреби, за покачувањето на пензиите, за комуналните работи во градот, за сето она што е потребно да се направи за подобрување на нивниот живот. Денешното присуство на министерката Царовска ќе го надополни она што претходно го разговарав со пензионерите од нашиот град“, потенцираше Јованоски.

Здружението на пензионери – Прилеп брои 14.530 членови, од кои 12.500 се од Прилеп, а останатите од општините Долнени и Кривогаштани.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: