CSS Template

Целовечерен концерт на староградски песни со октетот „Прилеп“

217
Avtokontrol1

Во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ Октетот ,,Прилеп“ во среда – 18 јули од 20.00 часот ќе одржи целовечерен летен концерт за љубителите на убавата староградска песна, при што ќе се претстави со избрана програма.
Посетителите ќе можат да уживаат во изведбите на „Свир, свири виолино“, „Дај ми љубов Трено“, „Се посврши Сербес Донка“, „Овој живот мој“..и други убави староградски песни. Воедно, ќе се претстави и оркестарот на октетот.
Покрај издавањето на неколку албуми октетот „Прилеп“ години наназад го претставува градот на бројни фестивали. Октетот работи под покровителство на ЦК,,Марко Цепенков“ . Особено се препознатливи по тоа што ја негуваат староградската песна.

Vivafarm
Farma Dolneni