CSS Template

(АУДИО) Жената која го победи ракот-Октомври месец на борба против ракот на дојката

1.049
Avtokontrol1

 Октомври, месец кога сите ја закачуваме розовата панделка за секојдневно да се потсетуваме себеси, а и другите дами на борбата против ракот на дојка.Важно е да се подигне свеста за постоење на оваа болест, рак на дојка. Месец октомври се одбележува со бројни активности на здравствените институции за превенција и борба против болеста на денешнината – карцином.

Месец, кога многумина се присетуваат на миговите кога поминувале низ најтешкото: дијагнозата, лошите вести, почетокот за лекување, сите премрежја како да се надмине болеста.

Во рамките на емисијата „Совети за здравје и убавина“ чест и задоволство ни беше да разговараме со Емилија Костадиноска која ги сподели за прв пат во јавност своите искуства поврзани со тешката болест.

Емилија, инаку позната по своето уникатно стилистичко катче „ Ema Place“, ја отвори својата душа во врска со лечењето на канцер на дојка.

Превентивните прегледи се најважни, јас имав среќа и така дознав, зашто првиот мамограм што го имам направено е на мои 34 години. Правев редовни прегледи, така што на вториот преглед на 36 годишна возраст се покажа дека има одредени промени. По испраќање на примерокот во Скопје, јас бев сама кога ми кажаа за дијагнозата, го започна разговорот Емилија Костадиноска.

Разговорот во целост можете да го проследите:

Но, Емилија зад себе ги остави тешките денови и месеци. Денес е една од најпозитивните личности која зрачи со својата храброст, со својата љубов кон животот, убавите нешта, дружбите со најблиските, со пријателите.

Таа е успешна, уникатна и храбра жена која што умее да го живее својот сон, иако животот и оставил лузна што пак треба да служи како поука за сите: превенцијата е најдобар лек против секоја болест, па и канцерот.

Farma Dolneni
Vivafarm