ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Укината забраната за тешки товарни возила на Плетвар

405

Од 11 часот забраната за товарни возила на планинскиот превој Плетвар е укината и сообраќајот се одвива нормално,информираат од АМСМ. Од изутринава од 6 часот важи забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, и на планинскиот премин Стража.

– Сообраќајот се одвива по влажен коловоз, со мали застои, а на припомош на екипите од Македонија пат, подружница Прилеп, е полицијата, велат од прилепската дежурна служба.

Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, Маврово, Кула, Крушево, Крива Паланка – ГП Деве Баир и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека .

Првиот ден од април во осум часот изутрина во Дебар е со снежна покривка од 16 сантиметри, 15 на Попова Шапка, 14 во Крушево, 11 во Маврово и Пожаране. Осум сантиметри снег има во Лазарополе и Ѓуриште, седум во Прилеп,шест во Битола, пет во Тетово, четири во Тополчани, и по три во Скопје-Зајчев рид и Штип, а еден во Берово.
Управата за хидрометеоролошки работи најави дека времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег, а само во долниот тек на Повардарието ќе бидат од дожд и снег. На повеќе места количината на наврнет воден талог ќе биде над 25 л/м2, а најмногу врнежи ќе има во јужните делови. Снежна покривка ќе се формира речиси во целава земја, на пониските места и над 10 см, во Пелагонија околу 20 см, а на планините и повеќе. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: