ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Погледнете! ГУЛАБОТ КАКО ДА ЈА НАЈАВИ БОЖЈАТА СВЕТЛИНА

6.639

Пред фрлањето на крстот, кога гулабите беа пуштени како симбол на денешниот празник Богојавление, во црквата Пресвета Богородица, во Мало Коњари, на кои присуствуваа жителите од с.Мало Коњари, еден гулаб го насочи својот лет кон сонцето кое т.р. и не постоше поради магливото и облачно време. Но,  тој, гулабот, токму се најде во средиштето на сончевиот круг, кога фотографијата беше направена, како да сакаше да ја покаже божјата светлина од небото. Гулабот излета кон сончевата светлина, како Божји знак, како спој на духот и светлината. И ФОТОГРАФИЈАТА ИЗГЛЕДА ВАКА! Останува на вас да ја толкувате?! Нам не’ воодушеви!

Фотографиите не се фотомонтажа, туку се направни од мобилен телефон, од нашата  колешка Гордана Цветаноска,  која по прегледот беше изненадена.

Инаку, гулабите се симболика на Светиот дух кој што според Светото Писмо во вид на гулаб слетал на реката Јордан во моментот кога Исус Христос бил крстен од Свети Јован Крстител.

Според евангелијата, откако Јован го потопил Исуса во реката Јордан и го крстил, од небото врз Исус се слегол Светиот Дух во вид на гулаб и се отворило небото, и Божјиот глас проговорил: „Ти си синот мој возљубен“. Овој настан се нарекува Богојавление.

Во Евангелието според Лука Светиот Дух се појавува во форма на гулаб, па од тогаш гулабот е познат симбол во христијанската уметност за Светиот Дух. Вообичаената претстава е отворено небо над Исус и гулабот кој слегува врз Исус.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: