ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Уникатната дарба за забава на „Црешово топче“(ВИДЕО- АУДИО – ФОТО)

1.889


Реткост се музичарите кои можат да предизвикаат радост уште во првиот момент каде што ќе се појават. И не зависи тоа само нивното познавање на занаетот, туку станува збор за посебна дарба – талент, взаемна поврзаност и енергија со која зрачат.
Црешово топче – музичка група од Крушево е токму таква дружина: вистински господа со стил кои предизвикуваат задоволство и радост.
Велат дека музичарите се ценат според тоа колку умеат да го пронајдат „нервот“ за добра забава. Нема дилеми дека на крушевчаните -ансамблот „Црешово топче“ им е судена ваквата дарба. Погледнете го видеото од нивното гостување на нашата facebook фан група Radio Pela 96,8 FM

https://www.facebook.com/radiopela/videos/246302882902446/

Ѓоко Костоски, Игор, Сократ Хасану, Љупчо Богатиноски, Васко Јанкулоски, Зоран Настески се вистинскиот тим за радост и веселба.

Откријте нешто повеќе за групата, за нивните почетоци и нивните планови од премиерно гостување на „Црешово топче“ во емисијата „Музички филиграни“ под водство на нашиот водител Тони Бозароски, која се одржа на 18 ти октомври со почеток во 20 часот, а репризните изданија се во сабота во 20 и во недела во 20 часот.

                        Фото во соработка со Продукција Бозаро

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: