CSS Template

Денеска започнуваат уписите во средните училишта

148
Avtokontrol1

За 1.546 ученици има место за упис во прва година во учебната 2019/2020 во средните државни училишта во Прилеп, и за 170 средношколци за прва година, во соседно Крушево.

Уписите,се денеска 17-ти јуни и утре 18 -ти јуни ! (подолу од текстот го имате роковникот)

Но, дали реално има толку полуматуранти и дали повторно вo некои od средни училишта во Прилеп ќе има паралелки и со 9 /10 ученици?!

Бројката вели дека во осумте основни училишта во градот и населените места, едвај има 900 ученици кои завршуваат деветтолетка и кои ќе траба да го продолжат своето образование во едно од средните училишта во Прилеп или во СОУ  “Наум Наумоски Борче“-Крушево.

Но, според статистика , по се изгледа, некои од средните училишта во Прилеп и нареднава  учебна година ќе останат без предвидената квота -ученици за упис, поради недостиг на ученици,  генерално поради намалениот  наталитет, но и спорад исселување на млади семејства надвор од државата. 

А, бројките за упис според конкурсот на МОН говорат дека :

Во СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ во прва година места има за 306 ученици, во 9 паралелки, и неколку нови профили, како дефицитарни на пазарот на трудот:  техничар по фитомедицина, градинар /цвеќер и техничар за заштита на животната средина. Во СОУ ЕКОНОМСКО -ПРАВНО -ТРГОВСКО УЧИЛИШТЕ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ“ во прва година место има за 238 ученици, во 7 паралелки,  со настава на македонски јазик, и нови профили по економска струка, кои се барани на пазарот на трудот.  Во СОУ ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ во прва година има места за 306 ученици во 9 паралелки, со настава на македонски јазик, а  во СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“  во прва година има места за 340 ученици, во 10 паралелки со настава на македонски јазик : (здравствена струка, текстилно-кожарска струка, лични услуги-козметичари и фризери, шумарско-дрвопреработувачка струка, геолошко – рударска и металуршка струка), СОУ „РИСТЕ РИСТЕСКИ – РИЧКО“ во прва година може да се  запишат 356 ученици, во 11 паралелки со настава на македонски јазик,или се на се  во Прилеп во срдните училишта за упис има места за 1.564 ученицидвојно повеќе од завршените основци!

А, во СОУ „НАУМ НАУМОВСКИ – БОРЧЕ“ од Крушево во прва година  има место за 170 ученици, во 5 паралелки, со настава на македонски јазик. За Гимназиско образование се предвидени места за 68 ученици, а во една од најбараните струки, угостителско-туристичка струка места има за 102 ученици, во 3 паралелките:  за хотелско-туристички техничар, угостителски техничар и  келнер и готвач/ слаткар.

ОВА Е РОКОВНИКОТ за упис во средните државни училишта 

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 17 и 18 јуни 2019 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 19 јуни 2019 година.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 21 јуни 2019 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 21   јуни 2019 год.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2019 год.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 2 јули 2019 година.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 26 август 2019 година за што доставуваат доказна документација.

Farma Dolneni
Ciflik
Vivafarm