CSS Template

Уште еден прилепски џудо “бисер” ќе атакува на медали

Малиновска пред голем број предизвици во спортот

300
Avtokontrol1

Прилепскиот џудо клуб  Бушидо го продолжува трендот,  во своите редови да го има најдоброто во пресрет на натпреварите кои ќе следуваат до крајот на натпреварувачката сезона.Тренерите и луѓето инволвирани во клубот ќе вложат многу во Елена Малиновска , девојка која со сигурност ќе биде најголемиот адут за освојување на многу медали од домашните и меѓународни турнири и натпреварувања.Со само 14 години Малиновска имаше храброст на последното соочување во сениорска конкуренција како најмала и со 41  килограм, да се бори со девојки постари од неа и со повеќе килограми во категоријата до 48 килограми и да го освои бронзениот медал.Тоа воедно беше и почеток на реализирање на нејзиниот спортски сон , потпишувањето на професионалниот договор со џудо клубот Бушидо.

Радио Пела: Што значи ова за тебе како спортист чија иднина допрва престои ?

Малиновска : Ова за мене значи многу за напредокот на мојата кариера, се обврзав на 4 години верност и лојалност со клубот а во исто време предизвик кој морам да го совладам,  надоградувајќи го мојот талент се разбира предводен од мојот тренер и секако со подршка на сите членови на клубот.

Радио Пела : Како гледаш на обврската од твоја страна која ја имаш во наредните четири години , успешно да ги браниш боите на клубот ?

Малиновска : Соработката со клубот пред се ми дава дополнителна мотивација да продолжам со работа со вложување на максимумот и секако што повеќе медали , што повеќе одлични резултати на европските натпреварувања кои ме очекуваат во 2021 година и нормално достојно преставување на џудото како спорт.

Радио Пела : Како си задоволна од третманот во ЏК Бушидо ?

Малиновска : Па да, тоа е и една од причините што влегов во ваква спортска акција да напредувам во мојата кариера,  задоволна сум од односот на сите таму , од тренажниот процес,  и се надевам дека никого нема да разочарам а најмалку јас самата зашто сметам дека кога ќе влезам на татамите, желбата за докажување и страста кон овој спорт ми даваат дополнителна сила за борба против  секој противник.

Како тренер сум задоволен од својот натпреварувач, нејзиниот фер однос кон мене а исто  доколку го почитува договорот и  успее да биде во врвот на престојните натпреварувања  во јуниорска  и кадетска конкуренција , ќе се размослува за припремите за европските купови, истакна Рубин Пеески , тренерот на Елена Малиновска, кој за Радио Пела додаде дека со ангажирањето на оваа млада натпреварувачка само ја збогатува конкуренцијата во клубот, но и испраќа јасна порака до нејзините противнички дека прилепската надеж ќе биде и тоа како сериозен залак во иднина на татамите.Подготовките на Малиновска , нејзиниот напредок, тренинзите, нејзиниот професионален ангажман ќе бидат  во фокусот на вниманието на тренерите и управата  на џудо клубот Бушидо во наредниот период.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni
seishin
Semafor