CSS Template

В недела ќе се одржат традиционалните Мариовско мегленски средби

279
Avtokontrol1

В недела, на 26-ти мај , по 35 пати во манастирот „Св. Илија“ во непосредна близина на  с.Витолиште ќе се одржат традиционалните Мариовско мегленските средби, манифестација, која живее повеќе од 30 години како културна средба за посета на Македонците од Егејскиот Меглен и Пелагониското Мариово.

Секоја година средбите се збогатуваат со културно-уметничка програма на која земаат учество повеќе фолклорни друштва, етно состави и музички училишта од сите краишта на Македонија. Манифестацијата и оваа година нуди богата програма

Програмата започнува во 9,оо ч, со посета на спомен костурницата во Витолиште, додека официјалното отворање на Мариовско мегленските средби е во 10 часот.

 

Posted by Radio Pela 96,8 FM on Monday, May 20, 2019

„За посетители ќе  има организиан бесплатен превоз. Ќе се читаат наградените поетски творби од изборот што ќе се одржи, в четврток, во градската библиотека,песни според објавениот конкурс, ќе настапат актери од прилепскиот театар “Војдан Чернодрински“ со хумор својствен за мариовскиот крај,  а на средбата се подготвува и богата културно-уметничка програма. Ученици од ОУ „Кочо Рацин“ – Прилеп ќе имаа драматизација под наслов „Лектирно патување со Итар Пејо“, учесници, дует, од гимназијата “Мирче Ацев“ ќе запеат, а учестви ќе земат  и повеќе КУД : КУД „Етно Илинден“ – Битола, КУД „Гоце Делчев“- Битола, КУД Новаци, Ансамбел од Тиквеш, КУД „Пенка Котеска“ на  Прилепското Здружение на пензионери од Прилеп и др… Со овие настапи сакаме да го негуваме културното богатство од овој  регион. Целта на средбата е среќавање на луѓето од двата региони за заедно да се потсетиме на обичаите, фолклорот, архитектурата, традициите, но и на маките поминати низ историјата, каде што и едените и другите, биле доста тормозени од непријателот особено во фашистичката окупација, со цел да не се заборави, а да не се повтори! – рече Стојан Ѓуроски, претседателот на  Мариовско – мегленското здружение  .

Мариовско мегленските средби се  поддржани од  Локалната самоуправа на Општина Прилеп и од Министерството за култура на Република Северна Македонија

Vivafarm
Farma Dolneni