ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Вера, Нада и Љубов -празник посветен на жените и нивните ќерки

3.575

На 30 септември е денот кога се празнува споменот на познатата Римјанка Софија која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.
Христијанството тврди дека вера, надеж и љубов, биле личности кои навистина постоеле.
Светите маченици Вера, Нада и Љубов живееле во Рум во време на царот Адријан, кој наредил нивно мачење, а потоа им изрекол и смртна казна.

Тие трите уште како деца биле обвинети поради тоа што проповедале христијанство. Вера во моментот на апсење имала само 12 година, Нада 10, а Љубов 8 години. Мачителите по тој редослед најпрво ги мачеле, а потоа и ги убиле една по една.
По наредба на царот, Вера, Нада и Љубов најпрво се тепани, потоа фрлени во врела смола, а на крај им се сечени делови од телата пред да се фрлат во оган.
Преданијата велат дека нивната мајка Софија, три дена на гробот на нејзините ќерки го молела Бог да ја земе. Бог после третот ден ја зел и ја однел во рајската населба кај нејзините деца.
Имињата на девојчињата, Љубов, Вера и Нада, станаа симбол на секој христијанин, народот смета дека на 30 септември треба да се воздржите од секакви зли мисли и да се посветите на љубовта кон ближните.
Празникот е посветен на жените и нивните деца, првенствено ќерки
Именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: