ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Џудо клубот Сеишен одличен организатор на турнирот „Прилеп град херој“

687

Известува: Никола Димески

Како што започна, така и заврши меѓународниот турнир во џудо ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ, под фантастичната организациона палка на џудо клубот Сеишин.По 11-ти пат се одржува овој меѓународен собир на џудистите по повод 11 Октомври. На овој турнир учество зедоа седум држави и тоа: Албанија, Косово, Македонија, Србија, Црна Гора,Грција и Бугарија со 35 клубови и окулу 320 натпреварувачи.

Карактеристично за оваа џудо традиција беше присуството на големите балкански џудо легенди и носители на мајсторски појаси , Славко Обадов и Павле Буљчик од Србија како и Чихи Јанош од Унгарија кои со своето присуство го потврдија квалитетот на овој турнир кој од година во година станува помасовен и поквалитетен.

Членовите на домаќинот Сеишин во конкуренција У-13 , Теа Настоска во категорија до 28 килограми го освои златото а до 57 килограми Даниел Каралиоски беше трет. Кај конкуренцијата на џудисти У -15 до 63кг второпласирана е Мартина Јанкоска, а на третото место во оваа категорија заврши Ивана Стефановска. Бронза и за Андреј Сотироски во категоријата до 73 килограми.Во конкуренција на У-18 до 44кг Магдалена Најдоска го освои третото место, а до 48 килограми второто и третото место им припаднаа на Ема Димитриоска и Марија Талеска. До 63 килограми втора беше Леона Настоска, до 81 кг Валентин Димитриоски, а до 90 килограми златен медал освои Кристијан Тошески.

Турнирот помина во одлична атмосфера со полни трибини и борби кои се одвиваа на четири борилишта со беспрекорно темпо до самиот крај. Прилепскиот џудо клуб Сеишин уште еднаш преку овој џудо собир, испрати јасна порака до сите дека џудото како спорт заслужува и многу повеќе зашто на едно место на ваквите турнири го собира најдоброто од Македонија.Во продолжение и дел од случувањата на турнирот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: