ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Вистински прилепски филиграни Славчо Бунте и Блаже Даскало

778

Заедно на музичката сцена 25 години, иако претходно секој поединечно се обидувал на свој начин во „музичките води“. Славчо Бунтески – акустична гитара и Благоја Дукоски – Даскало – прим, и двајцата од Прилеп, најчесто се во придружба на колеги, вљубеници на музиката кои свират на контрабас или на виолина, зашто како што велат и самите тоа се инструментите кои одговораат на тој тип на музика кој што тие го изведуваат: староградска, музика за душата, и тоа не само од нашите краишта, туку и од Војводина, Босна, Србија, Хрватска…

Нивната љубов кон музиката зрачи низ секоја мелодија. Иако немаат дипломи за завршено високо музичко образование, аплаузот и насмевката, солзите и радоста која ја предизвикуваат со своите настапи се најголемите дипломи за нив.
Во емисијата Музички филиграни под водство на нашиот водител Тони Бозароски, Славчо и Блаже се потсетија на своите почетоци, но и ги запрашавме како е сега, што сака публиката најмногу да слуша, што се бара, дали помладите ја посакуваат македонската музика…
Проследете ја во целост емисијата „Музички филиграни“ премиерно емитувана во живо на 4 ти октомври, а можеа да ја проследат нашите пријатели на фејсбук фан страната на Radio Pela 96,8 FM.

Радио емисијата „ Музички филиграни“се емитува секој четврток во живо во 20 часот.
Репризните изданија на „ Музички филиграни“ се во истото време во сабота и во недела.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: