ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Витаминка и годинава на саемот во Келн

614

Витаминка и оваа година е присутна со целосниот свој асортиман соодветно на  најголемиот и најважен саем за кондиторски производи и закуски, ISM во Келн, Германија . За најголемиот македонски производител во прехранбената индустрија, учеството и претставувањето во Келн е клучно и значајно за унапредување на производството и проширување на присуството на странски ппазари

ISM Келн е најголемиот и најважен саем во светот за кондиторски производи и закуски што се одржува еднаш годишно. Пред најголемите компании од секторот, присутни од целиот свет се презентираат нови трендови, иновативни производи и перспективи и токму тука е предноста и бенефициите од овој саем, а со нашето присуство покрај нови купувачи, партнери и пазари и дополнителна афирмација за компанијата, како претставник го промовираме и македонското производство и прехранбената индустрија во земјава.  Очекуваме и оваа година нашето претставување да биде успешно и да воспоставиме нови соработки и бизнис релации“, изјави Љупчо Велески, директор на сектор извоз во Витаминка.

Како важна деловна и комуникациска платформа, саемот ги спојува сите релевантни целни групи, како малите, средните компании но и лидерите на пазарот со меѓународни деловни групи заинтересирани за соработка. Од долгогодишното и редовно присуство на овој саем, Витаминка има позитивно искуство, бројни нови купувачи и воспоставено многу соработки.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: