CSS Template

Во ООУ „Кочо Рацин“ стартуваше дневен престој за 30 тина ученици

204
Avtokontrol1

Учениците кои имаат потреба од дополнително време исполнето со активности и продолжен престој во ООУ „Кочо Рацин“, поради работни обврски на нивните родители, од денеска ќе можат да го користат. Сместувачкиот капацитет е триесетина ученици.
Дневниот престој ќе работи од 8-16 часот, за да можат да го користат ученици од двете смени.

– Освен за отворање на продолжениот престој, оваа година издвоивме околу 3 милиони денари за реконструкција на подовите и плафоните во неколку училници, за спортската сала и со исто темпо ќе продолжиме и во другите училишта“, истакна градоначалникот Јованоски, при посетата во ООУ „Кочо Рацин“.

Дополнително, во ова основно училиште се инвестира и за подобрување на работните услови со реконструкција на објектот.
– Во тек е реконструкција на целиот трет кат со средства од локалната самоуправа, на фискултурната училница и на повеќето училници.Исто така, работевме на спуштање на таваните, бојадисување на ѕидовите, промена на подовите, се’ со цел за поголема енергетска ефикасност, за чисто училиште во кои децата ќе ја следат наставата“, посочи Зора Чадамова, директор на училиштето.

Farma Dolneni
Vivafarm