ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп по 10 пат меѓународен турнир „Прилеп – Град Херој“

Во чест на празникот 11-ти Октомври

583

Во организација на џудо клубот „Сеишин“,по 10-ти пат се одржа меѓународниот турнир „Прилеп – Град Херој“. Турнирот се одржува во чест на Денот на народното востание „11.Октомври“, со поддршка на Општина Прилеп.

Прогласувајќи го турнирот за отворен, градоначалникот Илија Јованоски рече дека е убаво што Прилеп има спортски колектив каков што е џудо клубот „Сеишин“, каде се развива и јакне спортскиот дух на младите генерации и кој придонесува за промоција на градот во домашни и меѓународни рамки.

Дејан Мицкоски, тренерот на џудо клубот „Сеишин“,го нагласи значењето на турнирот како едено од најдобро организираните турнири во Македонија   и додаде

„ На денешниот настан присутни се 22 клуба, од вкупно 6 држави, со вкупно 220 натпреварувачи во 3 возрасни категории: помлади пионери, пионери и кадети,а поголем дел од екипите доаѓаат со квалитетни натпреварувачи“-рече тој

Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Зеглул Реџепи нагласи дека прилепскиот клуб „Сеишин“ како еден од најмасовните клубови во државата, заедно со Општина Прилеп, ја имаат најголемата заслуга за организирањето на еден ваков реномиран меѓународен натпревар, кој придонесува за развој на џудото во нашата држава.

„Посебна благодарност и честитки за ваквата организација до џудо клубот ‘Сеишин’, кој е еден од најмасовните клубови во Македонија, кој со свои претставници е застапен во структурите на Џудо федерацијата на Македонија“, потенцираше Реџепи.

На меѓународниот турнир „Прилеп – Град Херој“, учество зедоа џудисти од 6 држави: Србија, Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Македонија. Турнирот се одржува во чест на Денот на народното востание „11.Октомври“, во годината кога прилепскиот џудо клуб „Сеишин“ слави 15 години од своето постоење,

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: