CSS Template

Во Прилеп започна распределбата на картичките за „зелена нафта“

343
Avtokontrol1

Во подрачната единица  Прилеп пристигнаа картичките за „зелена нафта“, како што беше најавено од Министерството за земјоделство. Станува збор за персонализирани картички за набавка на 30 отсто нафта за земјоделска механизација. Од ресорното министерство посочуваат дека оние лица кои се водат како должници по основ на неплатена закупнина за користење на државно земјоделско земјиште ќе добијат картички за зелена нафта по подмирувањето на долгот.

-Според пресметките вкупно ќе добијат финансиска поддршка за трошоци за нафта за земјоделската механизација 1658 лица. Соодветно на површините и земјоделските култури ќе бидат исплатени близу 5 милиони денари. Во подрачната единица во Прилеп картичките за зелена нафта за земјоделците може да се подигнат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот,во канцеларија број 22 (во старата општина). Картички има за сите кои обработуваат земјоделски површини и имаат поднесено (и исплатено) барање за субвенции за 2018 година. Пресметката за одобрен износ е извршена врз основа на барањата од 2018 година. Картичките се подигаат лично и со себе задолжително е земјоделците да имаат документ за идентификација (лична карта или пасош), потенцираше Зоран Пачешкоски, раководител на ПЕ Прилеп при МЗШВ.

Со оваа мерка се очекува 200 милиони денари да се вратат назад кај земјоделците. Вкупно 55.000 земјоделци кои се регистрирани за обработка на градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади и поседуваат обработливо земјиште, а воедно поднеле единствено барање за субвенции по Програмата за директни плаќања 2018 ќе можат да набавуваат поевтина нафта за земјоделска механизација.

Vivafarm
Farma Dolneni