CSS Template

Стартува јавниот градски превоз, но со вонредна линија и ограничување на бројот на патници

237
Avtokontrol1

Јавниот градски превоз од вторник, 26-ти мај, ќе почне да сообраќа по вонредната неделна линија на секој час: почетно тргнување од Салида и трло Варош во 06:30, 07:30, 08:30, 09:30, каде ќе следи пауза, па потоа повторно автобусите ќе сообрајќаат од 13:30, 14:30, 15:30, 16:30 и 17:30 часот, кога ќе биде и последното тргнување.

„За време на викендот, во сабота и недела, јавниот градски превоз во Прилеп ќе сообрајќа по истата вонредна линија , но со намалено работно време од 06 :30 наутро, до 12,30 , (последниот автобус , од Нови гробишта). Со оглед на новонастанатата состојба ќе има и намален број на патници во автобусите, од 30 до 50 најмногу и ќе постои дистанца меѓу патниците , како и  ќе биде задолижително носење на заштитни маски. Во автобусите ќе има и дезинфекциони средства за задолжително дезинфицирање на рацете на секој патник.  А, автобусите покрај тоа што се чистата , на секој два часа ќе се врши и нивно дезинфицирање од старна на возачот   „ –  истакна Алексанар Јошески од ЈП за ПУП  за Радио Пела во емисијата  #SediDomaSoRadioPela  (емитувана, 23.05 2020)

Согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од Ковид-19, нема да важи бесплатниот превоз за ученици, како и бесплатниот превоз за возрасни лица, жени со 62 години и мажи над 64 годишна возраст.

За време на функционирањето на јавниот градски превоз, ќе бидат запазени сите препораки на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести и секој патник кој сака да го користи јавниот градски превоз ќе треба  да носи заштитна маска.

semm
Vivafarm
Semafor
Farma Dolneni
seishin