ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За неколку дена ќе се полни Вештачкото езеро

766

Прилепското вештачко езеро сеуште е празно.Но, не за долго, велат од фирмата надлежна за управување – Водостопанство Прилепско поле, зашто велат, градежно – техничките работи се во завршна фаза.

Монтажата на хидромеханичката опрема започна на 18 ти септември, а стручната екипа од фирмата подизведувач од Србија го отстрани стариот темелен испуст (вентил). Паралелно е извршено заварување на новиот приклучен елемент Ф 1000 и помошните елементи.

 

-Во текот на денешниот ден од страна на стручните екипи се врши пробно тестирање на заварените делови и испитување. После тоа доколку се биде во ред, до крајот на неделава треба да биде монтиран првиот првиот, од двата вентили, односно лептирастиот вентил. Кога тој ќе биде поставен, ќе отпочне собирањето на вода во акумулацијата, а тоа значи дека акумулацијата е затворена и водокорисниците да бидат сигурни дека ќе имаме успешна сезона, вели Ѕвонко Талески директор на прилепската подружница на АД Водостопанство.

Оптималниот рок за завршување на целокупната реконструкција е до крајот на неделата, но најдоцна до крајот на месецот. Стручните екипи ќе продолжат со работа на останатите елементи, вториот вентил и другите приклучни елементи на браната што би требало да заврши до средината на наредниот месец. Со обновувањето на испусниот вентил, потенцира директорот Талески, се решава големо безбедносно прашање за градот. Имено, насоките од Инспекторатот за животна средина и просторно планирање, години наназад биле да се промени вентилот.
– Изминативе години ни беше укажувано дека испусниот вентил мора да се реконстуира, зашто во спротивно може да се одземе дозволата за наводнување, доколку тоа прашање не се реши, рече Талески.
Проблемот со испусниот вентил за чија што промена не само средства, туку и соодветно време за работа, е уште од формирањето на Водостопанство Прилепско поле и преземањето на ингеренциите од Тутунски Комбинат Прилеп, од кога испусниот вентил практично не функционирал, велат од претпријатието.
По завршувањето на реконструктивните зафати, ќе бидат ставени на располагање двата вентили од кои едниот ќе се користи за испуст при поголемо количество на вода, а другиот ќе биде целосно затворен. Во тој случај, контолирано, од езерото ќе се испушта вода, доколку има поголемо количество на вода од потребното во акумулацијата.
Оптималното количество на вода кое што може да прибире Вештачкото езеро е 6 030 000 м3. Годинава, Водостопанство Прилепско поле склучи 1700 договори за услуги со кооперантите. Скратената сезона за наводнување годинава траеше до 6 ти септември, бидејќи езерото по 31 година мораше, поради реконструктивните работи на браната, во целост да се испразни.
Инаку, секоја година се врши геодетска оскултација на браната од страна на Градежниот факултет.
Прилепската најголема хидроакумулација вештачко езеро „Прилеп“ е изградено 1967 година и до ден денеска, претставува еден од најдобро изработените хидроакумулативни градежни проекти во поранешна Југославија. Секако тука, велат упатените, значаен удел има и природната карпеста подлога која е додадена вредност за цврстината на браната.


Надзор на проектот за промена на испусниот вентил прави Градежниот Институт на Македонија. Увид на реконструкцијата направиле и од АД Водостопанство Македонија, како и претставник на УНДП од каде се обезбедени средствата за техничкиот зафат на браната на Вештачкото езеро кој што е во висина од 9 милиони денари.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: