CSS Template

Започна Интернационален скулпторски симпозиум „Мермер“

43
Avtokontrol1
Оваа година се навршуваат 56 години од Интернационалниот скулпторски симпозиум ‘Мермер’, кој што е во организација на Центарот за современа ликовна уметност (ЦСЛУ),а се одржува во Мермерниот Комбинат
„Долгогодишна е соработката помеѓу Мермерниот Комбинат и ЦСЛУ, како и спојот на индустријата и културата, преку создавање на уметничките дела. Им посакувам добредојде на уметниците Каролина Палмера од Аргентина и Албулен Незири од Косово, а нашата соработка ќе ја продолжиме и во иднина“, изјави извршниот директор на Мермерниот Комбинат, Василис Анагносту.
Прилеп е еден од ретките градови кои располагаат со импозантна збирка на скулптури, чиј број
се движи околу 200 и кои се поставени на различни локации во градот.
Двајцата скулптори, Каролина Палмера од Аргентина и Албулен Незири од Косово, го искажаа задоволството што имаат можност да бидат дел од Интернационалниот скулпторски симпозиум и што во следните 11 дена ќе остварат средби со други уметници. Покрај скулпторите од Аргентина и Косово, оваа година во работилниците кои ги организира Центарот за современа ликовна
уметност, учество ќе земат и уметници од Бугарија, Србија, Полска, Шпанија, Канада, Русија и Македонија
Farma Dolneni
Vivafarm