ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Започна семинарот „Доближување на децата до фолклорот“, во рамките на фестивалот „Пеце Атанасоски„

850

Денеска во Спомен куќата на Пеце Атанасоски ,во с. Долнени, во рамките на фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“ ,официјално започна едукативната работилница „Доближување на децата до фолклорот“,  на која учествуваа 10-тина ученици, желни за осознавање на својата традиција и фолклорно минато.

Оваа година семинарот го води м-р Горан Василески, со чија помош во  учениците , утре (02.07 2019) ќе реализираат и теренско истражување, низ неколку прилепски села, каде директно учесниците на семинарот ќе можат да се запознаат и да осознаат за музичката традиција на овој регион, вклучувајќи ги народните инструменти, песни, ора, народната носија, разни свадбени обичаи, празнувања и сл.

Инаку, официјално,  на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ ќе почне в петок со традиционалното дефиле на учесниците низ центарот на Прилеп. На него ќе учествуваат околу 350 исполнители на изворниот мелос од целата држава,  а најавени се и гости од соседните земји.

Фестивалот свечено ќе биде отворен од 20 часот, што е и првата фестивалска вечер, на летната сцена на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп, каде пред вљубениците на изворниот мелос ќе се претстават дел од учесниците.

На 7 јули во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи симпозиум со еминентни научни работници на тема „Фолклорот во минатото и денес“. Ќе биде промовиран и Зборникот на трудови на етнолози и научни работници за изворниот мелос. А,во сабота, на Рудина, кај Долнени и официјално ќе се одржи  фестивалска вечер каде ќе настапат учесниците, на ова, јубилејно, 45 издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Фестивалот има натпреварувачки карактер .На најдобрите  ќе им бидат врачени награди,а гран при наградата е за најдобар гајдаџија, која ја добива наградата „гајдата на Пеце Атанасовски“ што ја доделува општина Долнени.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: