ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Започнува изборот на 13-сет ВЕЛИЧЕНСТВЕНИ! За кој прилепчанец Вие би го дале Вашиот глас ?!

1.128

Од редакцијата:

И оваа година редакцијата на Радио Пела ја организира манифестцијата „13 Величенствени“, кој минатата година наиде на позетивни реакции кај нашите сограѓани .

  • (Минатогодишната манифестација низ фотографии можете да ја погледнeте најдолу во текстот)

Станува збор за избор на луѓе, Прилепчани, наши сограѓани, кои дале свој придонес во опшественото живеење и со својот труд и активности, направиле промоција на Прилеп и биле дел од интересирањето на јавноста и МЕДИУМИТЕ. За нив медиумите пишувале, а граѓаните се запознале со нивната дејност.

 Следејќи бројни настани, пишувајќи за успесите на нашите сограѓани, правејќи стории за многу луѓе, Прилепчани, редакција на Радио Пела, и оваа година ќе  дадеа свој придонес , во изборот на најзаслужни граѓани на град Прилеп,  како МОЖНИ кандидати за  најпрестижна награда на градот,   “3 – то  Ноемвриска награда „ ,со цел  да ги вклучи и  грѓаните со свои мислења…Затоа оставме и Вие да се вклучите, со предлог „за кој прилепчанец или оргаизација би го дале својот глас ?!„

Изборо е на луѓе, Прилепчани, за кои сме пишувале или пишувале нашите колеги . За кое вие сте читале, сте слушале и сте  дознавале за нивните успеси,  заедно сте се радувале на нивните подвизи, сте се вохитувале на нивната храброст или знаење….

Станува збор за наши сограѓани,  кои се успешни во својата професија, во она што го работат, и на свој начин, преку својето делување и работа, успешно го промовираат Прилеп на локално, национално или глобално ниво . Тоа се луѓе, почитувани во својата околина,  на работно место, ценети , вреднувани , активни во опшественот живеење , луѓе кои  биле или се дел од Прилеп и дали свој придонес за негова афирмација и развој во различни полиња .

Сите имаат различни професии! Сите се на различна возраст! Но, сите го сакаат Прилеп и се дел од него, каде и да се !

                             За 13-тиот Величенствен, Вие давате предлог!

Ние , ќе ги објавуваме 12-сет Нашите прдлози! Вие можете , наши читател и сограѓани, да се вклучите со гласање , односно ДА ГЛАСАТЕ , за оној кој сметате дека е најзалужен да ја има наградата на Општина Прилеп!  Ние, секој ден ќе објавуваме по два предлози , вкупно 12-сет, за  т.н „13-те Величенствен “ . Но, 13-тиот, заслужен прилепчанец го бирате Вие.

Ги очекуваме  Вашите предлози. Кој според Вас е залужен 13-ти педлог , да биде дел од овие 12 Величнствени за можно добивање на наградата на градот ? Потребно ни е име ,,презиме, професија и зошто, токму тој /таа е Вашиот предлог , за оваа рубрика ?!

Како би гласале?

Со отворање на текстотот во рубрилата „13 Величенствени“ и читање , всушност гласате за Вашиот фаворит. На крајот од месец октомври ние ќе ги објавиме резилтатите од најчитаните текстови на нашиот портал. Бројките на предлозите се наши, но очекуваме вие да го направите изборот на редните броеви!

Извинување :

Веднаш да напоменеме, дека ова се предлози на редакцијата  и немаат никакви поврзаност со огласот кој го објавува Општина Прилеп за доделување на „3-то Ноемвриска награда“ , без оглед што насловите на текстовите гласат пр :„Предлог бр 1  на Радио Пела за најпрестижната општинска  награда “3-ти Ноември“

Се надевеме дека ќе ја одобрите и подржите нашата иницјатива.  Однапред се извинуваме за секакво недоразбирање! 

 Со почит,

Редекација на Радио Пела

Минатогодишната манифестација низ фотографии:

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: