ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Започнува пријавувањето за турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2019“

563

Традиционалниот турнир во мал фудбал „Св.Никола 2019“ по деветти пат ќе се одржува во организација на Општина Прилеп, компанијата Комфи Ангел и Локалниот спортски сојуз, а е посветен на одбележувањето на патронот на градот Прилеп – Свети Никола. Турнирот и годинава ќе има хуманитарен карактер. Лани беа собрани средства во висина од 179 834 денари кои беа донирани за лицата со ретки болести. Средствата од влезниците пак, годинава, ќе бидат донирани за лекување на малиот Дејан Најдоски од Прилеп. Универзалната сала ќе биде домаќин на екипите и публиката, салата ќе биде оспособена за таа намена.

– Годинава турнирот ќе започне на 10 декември, а ќе се одржува до 25 ти декември. Се надевам дека ќе имаме од сите категории доволно екипи и учесници, за овој турнир да биде со масовно присуство. Ги повикувам сите стопанственици, компании да донираат средства преку организацијата, а клубовите да учествуваат на овој хуманитарен турнир, рече градоначалникот Илија Јованоски.

Ќе се игра во три категории сениори, ветерани и пионери, а предвидените награди се 160 илјади за прво, 90 илјади за второ, 60 за трето место во сениорска конкуренција и 20 илјади за прво место кај ветераните.
– Турнирот е празник на спортот. Котизацијата во трите категории изнесува за сениори 5 000, ветерани 3 500 и пионери 1 500 денари. Фондот за награди на турнирот изнува 330 000 денари, од кои 160 000 за прво, 90 000 за второ, 60 000 ден за трето место кај сениорите и 20 000 за прво место кај ветераните. Пријавувањето на екипите ќе се врши во приемното одделение на Општина Прилеп и ќе трае од утре, вторник 19 ноември, до 7 декември. Жребката за турнирот ќе се одржи на 7ми декември, рече Гоце Макалоски, претседател на Сојузот на локални спортови.
Се очекува, според интересот од минатите години, да се пријават околу 30 екипи во трите категории.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: