CSS Template

Заседаваше Општинскиот штаб за управување со кризи

358
Avtokontrol1

На иницијатива на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска се одржа координативен состанок на Општинскиот штаб за управување со кризи, со цел размена на информации околу моменталните сотојби со Коронавирусот на територијата на општина Прилеп и подготвеноста на институциите за справување со пандемијата.
До денеска, во општина Прилеп нема ниту еден заразен со Коронавирусот, а тимовите на Центарот за јавно здравје редовно и навремено ги спроведуваат анкетите и тестирањата на лица кои се вратиле од странски земји, информираше раководителката на Центарот за јавно здравје – Прилеп, Драгица Николоска.
Директорот на ЈЗУ Општа болница „Борка Талекси“, Драги Богојески брифираше дека болницата и персоналот се опремени со соодветни средства за справување со евентуални случаи на заболени од Коронавирусот, а инфектолошкото одделение работи функционира според ажуриран оперативен план за работа во услови на пандемија.
На средбата на Општинскиот штаб за управување со кризи, присуствуваше и претставник на локалната компанија „Гинфрид текст“, кој истакна дека започнуваат со изработка на маски за еднократна употреба, кои претходно ќе бидат стерилизирани и без надомест ставени на располагање за потребите на општината.
Јованоски потенцираше и тоа дека волонтерската служба од Општина Прилеп секојдневно им излегува во пресрет на десетици наши сограѓани од ризичните категории, околу набавка на намирници за храна, лекови, средства за дезинфекција и останати неопходни продукти, со што старите и хронично болни лица не мора да ги напуштаат своите домови.
Од денеска започна дезинфицирањето на детските градинки, основните и средните училишта, улиците, контејнерите за отпад, Градскиот плоштад и останатите јавни површини, а дека во текот на утрешниот ден ќе бидат дезинфицирани сите влезови во општината.

semm
Semafor
Vivafarm
seishin
Farma Dolneni