CSS Template

Завршница на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

66
Avtokontrol1

Дводневниот ракометен турнир во чест на прилепската легенда Миле Нешкоски денеска ја има својата завршница. По вчерашното разигрување во првото коло се покажа дека во најдобра форма се младите ракометари на Металург 2 кои обезбедија две победи на турнирот.
На трофејот „Миле Нешкоски“ кој се игра во салата на СОУ „Ристе Ристески Ричко“, екипата на Прилеп на отворањето на турнирот убедливо ја порази екипата на ГРК Тиквеш и денеска настапува против  ракометарите на „Алушовски“.
По првите две коло беа постигнати следните резултати:
1.КОЛО
ПРИЛЕП – ГРК ТИКВЕШ 2014 32:25 (19:13)
МЕТАЛУРГ 2 – АЛУШОВСКИ 39:30 (14:11)
2.КОЛО
ПРИЛЕП – МЕТАЛУРГ 2 27:30 (13:17)
ГРК ТИКВЕШ 2014 – АЛУШОВСКИ 36:29 (21:17)

ТАБЕЛА: 
1. Металург 4 бода (69:57);

2. Прилеп 2 (59:55);

3. Тиквеш 2 (61:61);

4. Алушовски 0 (59:75).
Денеска на програмата се два натпревари и тоа:
17:00ч
ГРК ТИКВЕШ 2014 – МЕТАЛУРГ 2
19:00ч
ПРИЛЕП – АЛУШОВСКИ

Farma Dolneni
Vivafarm