CSS Template

ЗДРАВКО ТОДОРОСКИ –  спортист, тренер, селектор на македонското воздухопловно моделарство – Предлог бр. 12 на Радио Пела за општинска  награда “3-ти Ноември“- Вљубеникот во воздухопловството

411
Avtokontrol1

ВЉУБЕНИК ВО ВОЗДУХОПЛОВСТВОТО 

                                                                      Тој е истакнат спортист, тренер, селектор, судија… Воздухопловството му станало дел од животот од 15 години. Наваму, низ професионален ангажман, е активен учесник во сите настани во Прилеп и Воздухопловната федерација на Македонија. Се докажувал со работа, истрајност и огромна љубов кон сите воздухопловни дисциплини. Бргу станал пилот, а потоа ги пренесувал знаењата на младите…Активно се ангажира за промоција на воздухопловните спортови во Македонија и се залата овој спорт  да биде внесени во категоријата спортови ,но и да бидат  валоризрни резултатите и спортисите од страна на институциите.

Паралелно е успешен организатор на домашни и меѓународни натпреварувања како челн и Македонската федерација на воздухопловно моделарство, успешно  организираа светски купови во воздухопловно моделарство во Македонија, во Прилеп , на спортскиот аеродром , каде и тернираат спортисите на  прилепскиот клуб „Фил Феникс“. Со ова,тој успева , Прилеп да го афирмира и да го постави  на пиедесталот, како етаблирана дестинација во светски рамки , за организатирање  на меѓународни натпреварувања во спортско воздухопловно моделарство.  Неговата заложба се младите. Со помош и знаење на Тодороски, младите спортисти на државните првенства и на лига натпреварите станаа државни прваци – екипно и вице-шампиони, освоија и медали на светскиот куп.100-тина млади луѓе веќе се интересираат за овој спорт

 

Прилеп и Македонија беа организатори, годинава, и на три натпревари од светскиот куп на воздухопловното моделарство во слободнолетачки модели и еден натпревар во летање со дронови.

 

Тодорски за своето ангажирање во спортското воздухопловство има добено и многу награди, меѓу кои и престижната диплома “Пол Тисандер” од Светската воздухопловна федерација (ФАИ)

Тодороски: „Многу е битна поддршката на домашен план и признавањето на овој спорт како официјална спортска дејност 

 

Според законот за авторски права ,не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп

Farma Dolneni
Vivafarm