CSS Template

Земал пари од касата на ЈКП Комуналец, но и ги враќал – кривична за екс директорот!

MINOLTA DIGITAL CAMERA
495
Avtokontrol1

На прес конференција Ирена Станкоска, директорот на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, истакна дека постои  основано сомневања и докази дека од страна на лицето Златко Ристески, екс директорот на ова претпријатие , почнувајќи од 2005 до 2017 година континуирано е вршена злоупотреба на функцијата директор на ЈКП „Комуналец“. Тој подигал аванс од касата на претпријатието, но и ги враќал„ Во моментов долгот на Ристески кон ЈКП „Комуналец“ е нула, нема долгови. Но, станува збор за класична злоупотреба на функцијата“, – истакна Станкоска.

 „Во период од 2005 до 2017 г. ,тој период, именуваниот подига парични средства од касата на ЈКП „Комуналец“ во вид на аванси. Износот кој е земен во овој период е во висина од 5.527.058 денари. Износите се подигани на овој начин :

Во 2005 година има подигнато 389.000 денари, а во текот на таа година вратил 100.000 денри, што значии салдо за наредната 2006 година се пренесени 289.000 денари. Во 2006 година подигнал дополнителчни  472.708 денари, а вратил само 75.000 денари. Што значи, за наредната година пренесено е вкупно салдо заедно со претходната година од 686.708 денари. Во 2007 година истиот подигнува 429.954 денари, а вратил 373.662 денари. Што значи, салдото на крајот на годината изнесува 743.000 денари. Во 2008 година истиот подигнува 506.235 денари, а вратил 629.863 денари. Што значи, салдото кое е пренесено во наредната година е 619.375 денари. Во 2009 година има подигнато 408.754 денари, вратил 436.580 денари, што значи, крајното салдо кое се пренесува за наредната година останува 591.549 денари. Во 2010 год., истиот, подигнал 357.569 денари, вратил 322.736 денари, крајното салдо кое го пренесува за наредна година е 626.382 денари. Во 2011 год. подигнати се 277,213 денари, а вратени се 621,344 денари, крајното салдо кое се пренеусва за 2012 година е 282,251 денари. Во 2012 година подигнува 1,051,425 денари, вратил 908,353, салдото кое се пренесува за 2013 е 425,323 денари. Во 2013 година подигнал 822,100, вратил 1.11 423 денари, салдото кое се пренесува за 2014 е 137,000 денари.  Во 2014 год. подигнал 210,000, вратил 173,000, салдото кое останува е 174.000. Во 2015 год. подигнал 502,100 денари, вратил 357.100, салдото за наредната година е 319,000 денари. Во 2016 год. не подигнал воопшто пари, вратил 150,000, салдото за 2017 е 169.00 денари. Во 2017 год подигнал 100,000,  вратил 269,000 и се исчистил комплетно.

Додека во истиот овој период Ристески подигал аванси лично за себе, што претставува класична злоупотреба на функцијата, тој,  не ги исплаќа обврските по ДДВ,  не ги исплаќа законските обврски спрема вработените , со што предизвикува финансиска нестабилност на претпријатието , по што следат серија на тужби од страна на вработените. Поради сето ова, денеска до Основото јавно обвинителство – Прилеп и Полициската станица – Прилеп поднесуваме пријава за злоупотреба на службена должност поткрепена со материјалните докази кои и вас ви беа прочитани„ –  информираше  Станкоска на денешната прес конфенренција соновинарите

Таа на прашања на новинарите одговори дека и други лица подигнувале аванс,во тој период „ „околу 10-тина„ рече таа   а Управниот одбор и Надзорниот одбор  на ЈКП Комуналец , заедно со Собранието на Општина Прилеп и градоначалникот како инстиуција, ја  имаат регулативат за следење на работата на раководителите на јавните претпријатија.

Farma Dolneni
Ciflik
Vivafarm