ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Жена почина во пожар во Прилеп

1.093

Во пожар, во куќа во Прилеп,една жена почина, а две успеале навреме да се евакуираат. Пожарот избувнал изутринава, околу 8.30 часот на улицата „Никшичка“ број 10, а жртва е 72 годишната прилепчанка со иницијали О.С. Пожарот започнал од просториите на приземјето, а ќуќата имала уште 2 други ката. Жената којашто починала во моментот на пожарот се наоѓала во подрумот. ТППЕ Прилеп интервенирале со 4 возила и 11 пожарникари.
-Пожарот беше веднаш изгаснат, но жената беше почината. Успеавме за само неколку минути по пристигнувањето да спасиме уште 2 други жени од вториот кат со помош на пожарникарски скали, вели Пецо Димоски, командир на смена во ТППЕ Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: