CSS Template

Зошто дојде до промена на статутот на Општина Прилеп?!

413
Avtokontrol1

Првата точка на дневен ред на на 26 -та Седница на Советот на Општина Прилеп, Предлог-Одлуката за изменување и дополнување на статутот на Општина Прилеп,  стана веднаш „камен на сопнување„ меѓу власта и опозицијата . Со оваа одлука се замени старото име “Република Македонија“ со новото уставно име „Република Северна Македонија“ на општинскиот печатот и во Статутот на Општина Прилеп.

Оваа точка предизвика реакција кај советничката група на ВМРО  ДПМНЕ и коалиционите партнери, кои побараа точката да се изземи од дневниот ред. Тоа не беше прифатено и советниците ја изгласаа промената. Советничката група ја напушти веднаш седницата, а координаторот на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ  Петар Ристески изјави:

 

„Како советници побаравме одложување и повлекување на оваа точка од дневен ред, што од мнозинството не беше прифатено и тие го изгласаа дневниот ред. ВМРО ДПМНЕ укажа дека е апсолутно против промената на општинскиот статут, односно промената на името Република Македонија. Оваа одлука е апсолутно незаконска. Со ова сакам да потенцирам дека градоначалникот и советниците кршат најмалку три закони: Законот за печатот на Република Македонија и печатите на државните органи на Република Македонија, Законот за територијална организација на Р.М. и Законот за локална самоуправа.  Ѓраѓаните на Општина Прилеп ниту ни дале мандат, нам како на советници ниту ни дале мандат за промена на статутот на општината и промена на уставното име, ниту ние смееме да си дозволиме она за што сме дале свечена заклетва да не го почитуваме на првата конститутивна седница на Советот на Општина Прилеп.

Ние оваа творевина Република Северна Македонија нема да ја почитуваме ниту како луѓе, ниту како советници, за нас постои една и единствена Република Македонија, рече Ристески.“

 

После ова советниците од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата и ги оставија советниците да ги изгласаат сите точки вкупно 35 на дневен ред, без нивно присуство.

А ,на седницата се најдоа важни прашања за граѓаните.

На дневен ред се најде одлуката за работно ангажирање  – Јавни работи, одлуката за кофинасирање на проектот „Подобрување на заштита на животната средина преку ППР преку искористување на обновливи извори на енергија“, тримесечните извештаи за работењето на ЈКП:  Комуналец, Пазари, В и К, ЈП за ПУП,  како и годишниот план за решавање на проблемот со кучињата скитници во Прилеп.  Но, и давање согласност за усвојување на Годишниот план на ЈКП „Комуналец“ за нови вработувања во 2019 год.

 Што работеше Полициската Станица  – Прилеп?! 

Пред советниците се најде и извештајот за безбедносната состојба на подрачјето на Општина Прилеп, за второто полугодие од 2018 г. кој го презентираше Билјана Мантароска од ПС – Општа наделжност – Прилеп.

„Работите беа насочени кон зголемување на професионалноста и зголемен степен на ефикасност, спречување на сите форми на криминал и обезбедување на стабилен ред и мир и безбедно одвивање на сообраќајот на подрачјето на општината. Состојбите со криминалитетот бележат намалување со истиот период за 2017 за 11,5 %. Регистрирани се вкупно 664 кривични дела, а 750 во 2017 г. Најчесто застапуван прекршок е прекршување на јавниот ред и мир, пијанство. Регистирани се вкупно 103 сообраќајни незгоди со потешки последици, загинати се 8 лица. Бележиме намалување на сообраќајните незгоди каде се предизвикани поголеми штети, рече Мантароска, помошник командир за јавен ред и мир при ПС Општа надлежност – Прилеп.“

 

Од урбанизмот…

Од урбанизмот, покрај останатите точки  се донесе одлука да се изврши размена на земјиште кое во приватна сопственост на кое е предвидено изградба на објекти од јавен интерес од локално значење (за комунална и сообраќајна структура), промена на урбана опрема итн

Сите точки на дневен ред беа усвоени.

Farma Dolneni
Vivafarm