ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Зошто се празни Вештачкот езеро?Дали состојбата е алармантна за рибниот фонд и земјоделството?!

788
ОК на ВМРО ДПМНЕ денска излезе со прес заакумулацијата Вештачко езеро. На нивниот прес реагираа од „Прилепско Поле“ во целост Ви ги пренсуваме  пресовите и реакциите

„Не стивнуваат реакциите на прилепчани кои секојден алармираат за катастрофалната состојба во која се наоѓа прилепското езеро. Пред извесно време предупредивме од штетните политики кои ги презема СДС како на централно така и на локално ниво. Предупредивме дека штетите од празнење на прилепското езеро најпрвин ќе ги осетат земјоделците кои ги наводнуваат своите ниви благодарение на истото. Предупредивме тогаш дека штетните последици ќе се одразат и врз рибниот фонд и останатиот животински и растителен свет. Во тогашниот одговор од „Прилепско поле“ беше наведено дека станува збор за реализација на некаков проект заради кој се започнало со контролирано испуштање на водата и дека за таквата постапка биле известени сите надлежни институции како министерствата и концесионерот на рибниот фонд со цел да се преземат соодветни мерки од нивна страна.

Прашуваме кои се мерки се презедоа, кога очигледно е дека Прилепското езеро е речиси целосно испразнето и никогаш не било во поочајна состојба? Какво е тоа контролирано испуштање кога прилепското езеро остана без вода? Дали со една ваква негрижа, се доведува во прашање опстанокот на земјоделците, кои со погубните политики на СДС секој ден едвај врзуваат крај со крај? Кој ли ќе сноси одговорност за штетите кои се закануваат по земјоделието? Дали рибниот фонд е целосно уништен и кој ќе сноси одговорност за тоа? И наместо парите да се пренаменат за подобрување на линиите за одводнување и наводнување, ваквото работење и експериментирање се поверојатно накрај ќе се одрази негативно врз грбот на обичниот народ. И наместо да го слушнат гласот на земјоделецот, екологистите и заеднички да се пронајде најдоброто решение, го оставија Прилепското езеро без вода и прашање е колку истото ќе биде во функција за наводнување за новата сезона. Ова се прашања на кои прилепчани заслужуваат одговор. “- потенцира, Влатко Петкоски, од ОК на ВМРО ДПМНЕ

РЕАКЦИЈА НА „ПРИЛЕПСКО ПОЛЕ„ НА ПРЕСОТ  ОД  ВМРО ДПМНЕ

-По завршувањето на сезоната за наводнување 2018 година се отпочна со активностите за реализација на Проект „Промена на темелен испуст на Брана Прилеп“ средства во целост обезбедени од UNDP. Изведбата на проектот е според задолжувањето од решенијата по спроведениот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина и просторно планирање – Инспекторат за Водостопанство, континуирано неколку години наназад. Активностите се во голем процент реализирани. Во средината на месец Јануари хидролошката состојба проследена со зголемувањето на дневните и ноќни температури доведе до нагло топење на снегот во сливното подрачје на езерото и зголемен доток на вода во акумулацијата од сите реки и зафати, како резултат на што активностите се стопираа со цел да се отпочне со акумулирање на вода во акумулацијата за сезоната на наводнување 2019 година.

Во овој момент количината на акумулирана вода е околу 500.000 м3 и секојдневно интензивно се зголемува. Анализата и искуството од претходните години покажуваат дека во месеците Февруари, Март и Април полнењето на акумулацијата од најголем обем па сите очекувања упатуваат на тоа дека ќе се акумулира доволно количина на вода за успешна сезона за наводнување 2019 година.

Напоменуваме дека АД „Водостопанство на РМ“ обезбедува средства и опстојува со „самофинансирање“ па од исклучителна важност е обезбедување на што е можно поголема количина на вода, со која би се наводнувале поголеми земјоделски површини, а за возврат би имале задоволни водокорисници и повисока наплата. Водостопанството ги прави сите напори и ги превзема сите можни активности за да се акумулира секоја можна количина на вода.

Сметаме дека изведувањето на целиот овој проект не треба да се политизира цел добивање на ситнополитички поени, бидејќи станува збор за долгогодишен проблем со кој се соочувал Водостопанство „Прилепско поле“ а преставува наша законска обврска“- се вели во писмената реакција на директор Звонко Талески од АД „Водостопанство на РМ“подружница „Прилепско поле“

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: