ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Забрана на ТТВ преку Ѓавато- Од утре Плетвар со нов сообрајќаен режим поради градба

660

Од 06:20ч. поради обилни врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато. А, 0д 05:25ч. поради обилни врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила и на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.

ПЛЕТВАР : За оние,пак,  кои утре 28 февруати,понеделник, ќе тргнат на пат преку Плетвар треба да знаат дека поради изведување на работа на патот ќе има  времена измена на режимот на сообраќај на државениот пат крак А1, делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп) , поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар, заради отпочнување со градежни активности  во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп. Градежните активности се предвидени да траат во наредните 12 месеци.

Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница., предуваат од АМСМ

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе