ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Активен пожар во атарот на с.Штавица

235

Во последното деноноќие пожарникарите на територијата на Македонија изгаснале вкупно 21 пожар на отворено, а активен е еден пожар во Прилепско, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).Според известувањата од регионалните центри за управување со кризи, во Скопје биле изгаснати 10 пожари, во Битола, Струмица и Куманово по два, во Штип четири и во Тетово бил изгаснат еден пожар на отворено.

Пожарникарите од ТППЕ Прилеп вчера од 16.35 часот гаснеле пожар на нискостеблеста деградирана шума во близина на атарот на с.Штавица. ЦУК наведува дека немало опасност пожарот да зафати населени места. Интервенирале пет пожарникари со едно противпожарно возило. „Поради големината на пожарот и ноќните часови, на терен е останата една екипа за следење на пожарот за да не дојди до негова ескалација“, стои во соопштението.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе