СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Амазонки на фудбалскиот терен

436

Малкумина знаат дека женскиот фудбал своите зачетоци ги започна токму од Прилеп, интузијастички со голема храброст на неколку поединци, Надица Костадиновска, Блаже Филипоски, поддржани од Хари Хаџиристески, го формира ЖФК Победа. Се собраа девојки во мал број, кои главно тренираа во некои од постечките спортски клубови и, во 1999/2000 година фудбалската топка почна да ја „тркалаат„ по „зеленот терен„, и да ги победуваат стереотипите дека „жената не може да игра фудбал„.

ЖФК Победа: Стојат од десно на лево: Надица Костадиновска (помошен тренер и играч), Весна Спиркоска,Музафера Бечировиќ, Елена Петреска, Блаже Филипоски (тренер), Анита Тодороска, Ристана Ристеска, Катерина Кузманоска, Зоран Мирчески (техничко лице),
Клеча од десно на лево: …, Златка Баснаркова, Јасмина, (голман…..),Христина Димитриоска, Јасмина Стојаноска.

Почетоците не беа лесни, бидејќи фудбалските вештини на девојките не постари од 15/16 години, беа слаби и недоволно увежбани (и со право, кога жени играле фудбал во Прилеп?!), а од друга страна, на “оваа нова работа“ многумина гледаа со потсмев. Публиката ниту знаеше, ниту доаѓаше на фудбалските терени да ги бодри во првенството кое едвај броеше 4 или 5 екипи, бидејќи никој во Прилеп не веруваше дека постои женски фудбалски клуб. А, тие, како амзонки на фудбалскиот терен, трчаа, учеа и успаа да се изборат и да докажат дека женскот фудбал е возможен и создадоа темел за развој на овој спорт.

Прв официјален одигран натпревар на ЖФК Победа , 1999/ 2000 год. со екипата на Струмица

Денескa не е чудно кога ќе се каже дека девојчето тренира фудбал,но само пред 20 години, тоа беше иронија.

„Најпрвин бев центарфор, па стнав голман, оти бев највешта во бранењето кога трениравме,а немаше кој да брани. Но, предходно тренирав џудо и атлетика и така започна мојата фудбалска кариера, која ми овозможи да станам,репрезентативка ,но и прва жена фудбалски судија, па меѓународен судија, а токму фудбалот беше причина да го запознам мојот сопруг и денес да создадеме прекрасно семејство кое генетски го сака фудбалот – раскажува,со смеење,позитивната дама и ветеранка во женскиот фудбал, Весна Спркоска Тофилоска, кој со должно внимание ја следевме нејзината приказната, за почетоците на формирањето на женскиот фудбал во Прилеп и нејзината улога во него

Целата приказна можете да ја слушнете тука во емисијата на радио пела за „Спортските ветерани“?

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе