СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Безмалку, едно деноноќие четири прилепски населби останаа без вода

615

Жителите од четири прилепски населби 20 часа се без вода поради дефектот кој синоќа се случи на ул. „Тризла„ преку која се снабдува и високата зона на градот. од потег од ул.”Ердован Шабаноски”, нас.”Марино Маало”, нас.”Кузман”, нас.”Рид” и нас.”Тапани” .

Директорот на ЈКП “Водовод и Канализација” – Прилеп, Игор Гулабоски за Радио Пела изјави дека утрово од 7.оо часот продожило санирањето на дефектот што се случил вчеравечер и кој е серозен проблен со оглед на тоа што, до водовдната цевка, која пукнала поради високиот притисок од вода во делот каде што цевките се спојуваат, се наоѓала и канлизационата мрежа.„ Па, проблемот стана двоен“ –вели тој, но нагласи дека се работи, пред се на обезбедување на вода, па потоа ќе се средуваат и останатите активности за целосно санирање на проблемот.

„Сега околи 15 % од прилепчани се без вода, бидјеќи оваа водоводна мрежа ја снабдува и високата зона, во  нас.”Марино Маало”, нас.”Кузман”, нас.”Рид.  Очекувам во попладневниете часови граѓаните да имаат вода за пиење„-  истакна директорот на ЈКП “Водовод и Канализација” – Прилеп, Игор Гулабоски

На прашањето дали и зошто не се снабдени овие жители барем со техничка вода преку цистерни додека да се реши дефектот, Гулабоски не информира дека ЈКП Водовод и Канализација  –  Прилеп има само една цистерна за вода, која моментно не е хигиенски исправна за носење пивка вода.

Што се однесува до прашањето „колку е штетата? Колку средства чини дефектот?„ Гулабоски одговори дека кога ќе се санира дефектот и ќе има комплетна финасиска конструкција за настанатата штета.

Од ЈКП”Водовод и канализација” – Прилеп информираа дека со ваков тип на дефект претпријатието се немало соочено во изминате 15 години.

Локацијата на дефектот е обезбедена со соодветна сигнализација , а поради серозното раскопување на улицата има поставено и службено лице кое дополнително  се грижи за безбедноста на граѓаните. Исто така,  обезбедена е и патролна контрола од ПС Прилеп за обезбедување на локацијата.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе