СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

БИТОЛЧАНИ СО 41 ГОЛ ЈА ОТВОРИЈА УНИВЕРЗАЛНA

609

Убавиот амбиент од околу 700 гледачи, во повторно отворената Универзална сала, ги инспирираше ракометарите на Еурофарм Пелистер за убедлив триумф од 41:24 врз домашниот Прилеп.

И вака високата победа на лидерот на суперлигашката табела е очекувана, додека за прилепскиот тим добивка е самото искуство кое многу значи за младите домашни ракометари.

На полувреме беше 22:12 за гостите. Публиката, која дојде во максимално дозволениот број, ги поздрави убавите потези на двете екипи. Беше доживување по долги години да се биде во објектот во кој се имаат случено значајни спортски и ракометни настани.

Во следното коло Прилеп пак игра дома, со скопски Бутел.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе