СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

БИТОЛЧАНКИ ДАДОА 3 ГОЛА, ПРИЛЕПЧАНКИ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ – 6

ФУДБАЛ

343

Разиграно и ефикасно стартуваше Првата женска фудбалска лига. Во Битола, на дуелот Атлетико – Деспина беа постигнати 9 гола. Битолчанките дадоа 3, прилепчанките двојно повеќе – 6.

Домашните поведоа во 23. Минута со голот на Кристина Велјановска, а гостинките се измачија за да израмнат се до 43. минута преку Теодора Јанковска. Во второто полувреме беше потполна доминација на Деспина, со серија од 4 гола. Мрежата по вторпат ја затресе Јанковска, потоа погодија уште Теодора Бумбароска, Јана Чубриноска и Катерина Милеска од пенал. Битолчанките намалија со головите на Мартина Силјаноска и Јована Павловска, но тоа не беше се. Пред самиот крај по вторпат меѓу стрелците се запиша гостинскиот капитен Милеска за конечни 3:6.

ДРУГИ РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО: Истатов – Ас унитед 2:2, Речица – Тиверија 1:2, Скопје – Саса 0:2. СЛЕДНО 2. КОЛО: Деспина – Речица, Љуботен – Атлетико, Борец – Саса, Тиверија –Скопје, Ас унитед – Шкеднија, Топ гол – Истатов.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе